Министерството за финансии во февруари годинава на аукција понудило двегодишни државни обврзници без валутна клаузуа со купонска камата од 5,25 проценти, што е за 0,25 проценти повеќе отколку каматата за таканаречените граѓански обврзници, кои исто така имаат рок на достасување од две години, но купонска камата од 5 проценти.
„Во текот на првиот квартал од 2023 година, каматните стапки на државните хартии од вредност, утврдени од страна на Министерството за финансии, забележаа нагорни промени. Притоа, по подолг временски период беа издадени двегодишни државни обврзници без валутна клаузула со каматна стапка од 5,25 проценти“, соопшти Народната банка во новиот извештај за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2023 година.
На аукцијата што се одржала во февруари понудените обврзници се реализирале во целост, а банките покажале огромен интерес. Имено, тие побарале да купат обврзници во противредност од 12,6 милијарди денари (205 милиони евра), што е за околу 75 милиони евра над понудата од осум милијарди денари (околу 130 милиони евра).
Прочитај повеќе
Износот на граѓански обврзници ќе се зголеми ако има побарувачка
Во текот на годината ќе има и други аукции на граѓански обврзници, соодветно на високиот интерес на јавноста за овој инструмент
11.07.2023
Се очекува „тепачка“ за првите граѓански обврзници
Главна причина за големиот интерес е каматната стапка од пет проценти, која е речиси двојно повисока од просечната камата на депозитите орочени на две години.
10.07.2023
Стартуваат граѓанските обврзници: Купонска камата од пет проценти
Средствата кои ќе се мобилизираат преку аукцијата на граѓанските обврзници, ќе се искористат за буџетски потреби
30.06.2023
Бесими: Граѓанските обврзници се без ризик и ќе донесат ќар за граѓаните
Тие ќе ја поттикнат инвестициската активност, ќе ја намалат готовината во оптек
28.05.2023
За граѓанските обврзници пониска камата
Минатата недела се одржа првата аукција на двегодишни обврзници брендирани како граѓански. Првичната понуда на Министерството за финансии беше со вкупен износ од 600 милиони денари (околу 10 милиони евра) и купонска камата од 5 проценти. На аукцијата учествуваа 1.283 граѓани кои имаа уплатено средства во износ од 1,44 милијарди денари денари (23,5 милиони евра). Министерството за финансии одлучи да бидат запишани сите уплатени средства односно поради големиот интерес ја зголеми понудата на обврзници. За висината на каматата при издавање на државни обврзници одлучува Министерството за финансии, врз база на претходни пресметки.
Граѓаните можат да купуваат секакви државни хартии од вредност
Според актуелната регулатива, граѓаните посредно можат да вложуваат во сите државни хартии од вредност, не само во таканаречените граѓански обврзници. Државните хартии од вредност (ДХВ) редовно се продаваат преку аукции кои се организирани преку Агентот на Министерството за Финансии, а тоа е Народната Банка. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во Македонија), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку банките. Прашање е колку македонски граѓани знаат дека можат да учествуваат на редовните аукции и зошто во изминатиов период недостигаа кампањи за информирање на населението за оваа можност, како што имаше во случајот со граѓанските обврзници. Исто така, прашање е колку банките прифаќаат понуди за запишување хартии од вредност од трети лица со оглед на тоа што имаат интерес самите да заработат на овие безризични иснтрументи.
Владата се задолжува по многу повисоки камати, слатки пари за банките
Инаку, од Народната банка информираа дека во првиот квартал годинава пласманите на банките во хартии од вредност, подружници и придружени друштва забележаа позначително зголемување на квартална основа, за околу девет милијарди денари (147 милиони евра) или за 10,4 проценти, со што нивното учество во вкупната актива на банките забележа зголемување до нивото од 14,2 проценти (12,7% на крајот од претходниот квартал).
„Најголем квартален раст забележаа пласманите во државни обврзници од 8,3 милијарди денари (135 милиони евра) или за 15,1 проценти. Помал пораст остварија вложувањата на банките во државните записи (6,4 проценти) и благајничките записи на Народната банка (4,9 проценти)“, велат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека ваквите движења придонесоа за зголемување на учеството на вложувањата во државни обврзници во вкупните пласмани во должнички хартии од вредност и останати вложувања на банките до нивото од 65,9 проценти на 31.3.2023 година (63,2 проценти, на31.12.2022 година) за сметка на умереното намалување на учеството на вложувањата во државни записи и во благајнички записи.
Од друга страна, каматите по кои се задолжува државата преку издавање државни хартии од вредност се многу повисоки отколку до пред неколку години. Пример за тоа е двегодишната државна обврзница која, според податоците на Народната банка, последен пат била издадена во четвртиот квартал од 2020 година со каматна стапка од само 0,9 проценти. Математиката покажува дека цената што ја платила државата за задолжување преку овој финансиски инструмент на аукцијата во февруари годинава е неколкукратно поголема отколку онаа од пред неколку години. Поскапото задолжување на крајот повторно ќе го платат граѓаните и фирмите кои преку даноците го полнат буџетот.