Биткоинот во средата го продолжи своето зајакнување, достигнувајќи највисоко ниво во последните две недели, што е знак дека криптопазарот можеби започнува да се стабилизира по подолга продажба на дигитални валути.
Добро утро, ова се останатите пет вести што треба да ги знаете за почеток на денот
Македонски недвижности: И државните станови достигнаа рекордни цени
Државата многу малку може да влијае на цените на становите. Во третиот квартал од годинава цените на недвижностите, според податоците на Народната банка, се зголемија за над 25 отсто, што е највисок раст во последните 25 години.
Државните станови, пак, што се нудат на продажба не се доволни за да конкурираат и да влијаат за пад на цените. И не само тоа, начинот на кој се продаваат државните станови придонесува и овие единици да достигнуваат цени како пазарните.
Што навистина знаеме за зрачењето во електричните автомобили?
Опкружени сме со уреди што работат на електрична енергија, а во последно време електричните автомобили земаат замав. И кога тие се во прашање, секако се едни од првите приоритети во зелената агенда, но секако има замки. Веќе со години се спроведуваат истражувања за влијанието што електромагнетните полиња можат да го имаат врз здравјето.
Во овој контекст се и најновите анализи за тоа што значи ова за возачите: дали електричните автомобили генерираат поголеми електромагнетни полиња од возилата со мотори со внатрешно согорување и каква е вистинската изложеност за време на возењето?
Како една глобална автомобилска компанија почна да го губи својот ритам
На почетокот на четвртата четвртина од овогодинешниот Супербоул помеѓу Филаделфија Иглс и Канзас Сити Чифс, 100 милиони гледачи го гледаа и слушаа Харисон Форд, како со смирувачки глас од удобноста на планинска кабина, со чаша во рака, им зборува за животот, хероите и слободата - всушност, слободата да се избере помеѓу автомобили што трошат гориво и електрични возила (ЕВ), двата типа се продаваат од Џип (Jeep).
„Слободата е во рикањето на моторот на еден човек и нечујноста на моторот на друг“, рече Форд во двоминутниот ТВ спот, додека на екранот се менуваа снимки од џипови од времето на Втората светска војна и два модерни модели што јуреа низ пустината.
Бакарот се приближува до рекорд - нарачките се зголемија најмногу од 2013 година
Цената на бакарот порасна и металот се тргува малку под рекордно високото ниво откако барањата за повлекување резерви од магацините на Лондонската стоковна берза се зголемија најмногу од 2013 година.
Цените се зголемија дури за 1,7 отсто, на 11.333 американски долари за тон, што претставува тргување за еден долар под рекордот постигнат во понеделникот, откако податоците од берзата покажаа скок на нарачките за бакар во азиските магацини.
„Ербас“ ја намали целта за испорака на авиони поради проблеми со панелите
„Ербас“ (Airbus SE) ја намали својата цел за испорака на авиони за 2025 година откако откри производствени грешки на својот најпродаван авион, моделот А320, за кои се потребни дополнителни проверки. Тој неуспех ја нагласува зависноста на производителот на авиони од сè уште нестабилната мрежа на доставувачи.
Компанијата сега има цел да предаде околу 790 авиони годинава, 30 помалку од првичната цел. „Ербас“ соопшти дека ја ревидира целта поради „неодамнешен проблем со квалитетот на доставувачот на панелите на трупот, што влијае на протокот на испорака на фамилијата А320“, иако компанијата ги задржа своите финансиски цели.