text size
Најскапиот стан во третото тромесечје од оваа година е продаден во скопски Центар. Инвеститорот го продал за близу 200.000 евра. Станот е со површна од 63 квадрати , а еден квадрат чини 3.159 евра. Во истиот период во скопската општина Карпош стан од само 41 квадрат е продаден за 128.000 евра или 3.122 евра за еден метар квадратен, покажуваат податоците од извештајот на третиот квартал од 2026 година од Агенцијата за катастар.
Според Катастарот, особено интересни се движењата на пазарот на станови. Бројот на продадени станови е намален за 14 отсто, додека бројот на закупени станови бележи раст од 45 отсто. Истовремено, вкупната месечна закупнина е зголемена за 31 отсто во споредба со претходниот квартал.
Добро утро, ова се најважните пет вести за почеток на денот
Пари како за избори, за пензиски дупки и за социјален мир: Анализа на буџетот за 2027
Буџетот за идната година предвидува економијата да порасне за 3,8 отсто, а стапката на инфлација да изнесува 3,2 отсто. Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 отсто од БДП, што значи над законскиот праг, но е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година. Предлог документот допрва ќе треба да стане предмет на интерес на пратениците кои до завчера се занимаваа со вториот ребаланс на буџетот за оваа година. Првото прашање на кое најверојатно пратениците ќе побараат одговор е дали буџетот за 2027 година е буџет за изборна година со оглед на зголемувањето на средствата за Државната изборна комисијата.
„Зголемувањето на средствата за Државната изборна комисија е нешто што заслужува објаснување. Од околу 175 милиони денари на над 858 милиони денари е навистина значително зголемување и природно отвора прашања за причините и намената на средствата. Сепак, не можеме со сигурност да кажеме дека 2027 година ќе биде изборна година“, вели поранешниот министер за финансии Кирил Миноски со кого „Блумберг Адрија“ разгледа дел од ставките предвидени со буџетот за следната година.
Во Македонија лани се доселиле повеќе странци отколку што има жители во неколку наши градови
Во Македонија лани се доселиле вкупно 8.169 странци што е повеќе отколку бројот на резидентно население во повеќе македонски градови како Богданци (7.339 жители според пописот од 2021 година), Кратово (7.545 жители), Македонска Каменица(6.439 жители), Македонски Брод (5.889 жители) или два пати повеќе од градови како Дојран(3.084 жители) и Демир Капија (3.777 жители), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Меѓу доселениците, најбројни се државјаните на Турција. Оттаму лани се доселиле 3.966 лица, а потоа следуваат доселениците од Индија (804 лица), Бангладеш (552 лица), Косово (449 лица) и Непал (430 лица).
Ќе издржи ли пензискиот систем: Опција - постепено зголемување на старосната граница
Постепено усогласување и враќање на висината на пензискиот придонес на 21,1 проценти и постепено зголемување на старосната граница за пензионирање се две најкрупни реформи кои треба да следуваат за да се осигура одржливоста на македонскиот пензиски систем. За овие реформи зборувале и експертите на дебатата која во средата се одржа во Скопје на покана и во организација на Асоцијацијата на приватни пензиски друштва во земјава.
Во време кога гласно се предизвикуваат резултатите кои приватните пензиски друштва ги остварија од почетокот на реформата, а дури и претставници на власта ја дебатираат потребата за постоење на вториот приватен пензиски столб, став на друштвата е дека парите на осигурениците во приватните пензиски друштва се личен имот и заштеда која друштвата ја капитализираа во име на идните пензионери.
Што е следно за ИПО-то на „Антропик“: Пет работи што треба да ги знаете
Компанијата „Антропик“ влегува во завршната фаза од својата првична јавна понуда на акции (ИПО), која заедно со приватното пласирање вредно 26 милијарди долари е на пат да го надмине досегашниот рекорд на „Спејс екс“. Трансакцијата би можела да донесе до 90,4 милијарди долари за компанијата и нејзините коосновачи кога ќе се утврди конечната цена на акциите на 18 ноември, со што ќе биде реализирано првото берзанско котирање на компанија што развива напредни модели за вештачка интелигенција.
Еве пет работи на кои инвеститорите треба да обрнат внимание во деновите што следуваат.
Берзански преглед: Американските акции растат додека Волстрит добива нов поттик од ВИ
Растот на технолошките гиганти ги поттикна берзите врз основа на обложувањата дека трговијата поврзана со вештачката интелигенција, која го движеше биковскиот пазар, има уште простор за понатамошен раст.
Обновениот интерес за инвестициите во вештачка интелигенција го зголеми Nasdaq 100 за околу 2,5 отсто, при што индексот е на пат да го достигне највисокото ниво од крајот на октомври. Акциите на „Енвидија“ пораснаа за 4 отсто, додека „Корвив“ скокна за 24 отсто поради оптимистичките прогнози. Дополнителен доказ за силната побарувачка дојде од „Опен еј-ај“, чии квартални приходи достигнаа 10 милијарди долари, додека ИПО-то на „Антропик“ наводно било преплатено од инвеститорите. Европските акции, исто така, се искачија на рекордно високо ниво.