„Ербас“ (Airbus SE) ја намали својата цел за испорака на авиони за 2025 година откако откри производствени грешки на својот најпродаван авион, моделот А320, кои бараат дополнителни проверки. Тој неуспех ја нагласува зависноста на производителот на авиони од сè уште нестабилната мрежа на добавувачи.
Компанијата сега има за цел да предаде околу 790 авиони оваа година, 30 помалку од првичната цел. „Ербас“ соопшти дека ја ревидира целта поради „неодамнешен проблем со квалитетот на добавувачот на панелите на трупот, што влијае на протокот на испорака на семејството А320“, иако компанијата ги задржа своите финансиски цели.
Прочитај повеќе
Хаос на аеродромите - дефект на „Ербас“ е причината за откажаните летови
Авиокомпаниите ширум светот откажаа стотици летови и брзаат да ги приспособат распоредите, откако голем софтверски дефект на „Ербас“ се заканува да ја наруши клучната празнична сезона на патувања.
29.11.2025
„Ербас“ забранува полетување за некои свои авиони во услови на замрзнување
Ограничувањата се однесуваат на авионите „А320“ со еден коридор што користат мотори PW1100 GTF на „Прат и Витни“.
28.11.2025
Ербас доби договор од 150 милиони фунти за слетување европски ровер на Марс
„Ербас“ ќе гради платформа за слетување што ќе испорача ровер произведен во Велика Британија на Марс за мисија со која што се бараат знаци на живот.
29.03.2025
Европа создава вселенски гигант: „Ербас“ и „Голдман Сакс“ против Маск
Разговорите за создавање вселенски и сателитски бизнис со француската воздухопловна компанија „Талес“ (Thales) и италијанската „Леонардо“ (Leonardo SpA) се во фаза на истражување.
05.02.2025
„Ербас“ е под голем притисок за испораките на авиони
„Ербас“ ќе треба речиси да ги удвои своите месечни испораки во последните осум недели од годината за да ги исполни своите годишни цели.
07.11.2024
Објавата означува крај на неколку тешки денови за „Ербас“, коишто силно влијаеа на корпоративните акции. Доцна во петокот компанијата повика на итна ревизија на софтверот за флота од околу 6.000 авиони А320 откако откри можна грешка во начинот на кој компјутерите комуницираат со контролите за летање. Потоа, во понеделникот „Ербас“ откри проблем со квалитетот на некои панели што го сочинуваат трупот на истиот авион, што ја принуди компанијата на макотрпна проверка на повеќе од 600 единици кои или веќе се во употреба или се во некоја фаза од производството.
Ова е втора година по ред како „Ербас“ е принуден да ја намали својата цел за испорака, метрика што внимателно се следи бидејќи им дава на инвеститорите увид во здравјето на синџирот на снабдување и фабричките процеси. Минатата година „Ербас“ ја намали својата цел кон средината на годината за 30, на околу 770 авиони, и потоа компанијата до крајот на годината го исполни планираното. За оваа година првичната цел беше 820 единици.
По откривањето на панели кои не ги исполнуваат спецификациите, производителот на авиони сега ги проверува сите засегнати авиони, иако им кажа на купувачите дека се очекува „значаен дел“ од панелите да се усогласат со спецификациите. Панелите ги испорачува „Софитек ееро“ (Sofitec Aero SL), добавувач со седиште во Севиља, Шпанија.
Двата удари оваа недела ги исплашија инвеститорите и го предизвикаа најлошиот трговски ден за производителот на авиони од април. „Ербас“, заедно со конкурентот „Боинг“ (Boeing Co.), веќе се соочуваат со недостиг во синџирите на снабдување со мотори, рамки и ентериери на кабините, што ги попречуваа конечните испораки.
Намалувањето на испораките за 30 авиони е еднакво на скоро половина месечно производство. „Ербас“ градеше таканаречени едрилици (во суштина авиони без мотори) откако добавувачите се мачеа да ја обезбедат опремата. Ако се земат предвид и другите недостатоци во снабдувањето, тоа значи дека некои авиони се речиси во нивните финални фази за склопување во места како Тулуз или Хамбург, но сè уште не може да се предадат на клиентите.
„Ербас“ ги задржа своите финансиски насоки и сè уште цели на прилагодените заработки пред оданочување и камати на околу седум милијарди евра, а слободниот паричен тек пред финансирањето од клиентите на околу 4,5 милијарди евра.
„Притисокот од кварталните резултати, понекогаш и притисоците од конкуренцијата, веројатно квалитетот малку опаѓа“, рече вчера Тони Фернандес, основач на „Ер Азија“ (AirAsia), во интервју за ТВ „Блумберг“. „Тоа е добро предупредување за сите.“
Неговата авиокомпанија е еден од најголемите клиенти на „Ербас“ за авиони со еден коридор.
Производителот, исто така, се соочи со проблеми со моторите на своите понови авиони „А320нео“, кои користат „Прет и Витни“ (Pratt & Whitney) мотори на компанијата РТХ (RTX Corp.), поради што привремено беа исклучени од употреба стотици авиони заради проверка и одржување.