text size
Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, така и за економијата. Тие ќе ја поттикнат инвестициската активност, ќе ја намалат готовината во оптек - што е еден од начините за сузбивање на сивата економија, но и ќе влијаат и на натамошниот развој на пазарот на хартии од вредност во земјава, пишува во својата најнова колумна, министерот за финансии Фатмир Бесими.