text size
Граѓаните од денеска можат да почнат постапка за купување, односно запишување граѓански обврзници - нов финансиски инструмент на домашниот пазар. Министерството за финансии го објави проспектот за првата аукција на вакви обврзници на износ од 600 милиони денари (околу 9,7 милиони евра). Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Купонската камата ќе изнесува пет проценти, а рочноста е две години.