Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од оваа година е продаден за 2888 евра. Се работи за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода за кој биле платени 130.000 евра, стои во кварталниот извештај на Агенцијата за катастар.
Извештајот нотира дека бројот на реализирани трансакции на пазарот на недвижности е значително намален. Во споредба со последното тримесечје од минатата година, бројот на продадени станови во периодот од јануари до март 2026 година е намален за 27 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 23 проценти.
За 23 проценти е намален и бројот на продадени куќи, a пад на квартално ниво има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми за 8 проценти, како и кај продадените деловни простори за 11 отсто.
Прочитај повеќе
Колку вреди во просек „богатството“ на македонското домаќинство?
Пробавме да направиме „крвна слика“ за имотот - финансиски и нефинансиски - на просечното македонско домаќинство
04.05.2026
Цените на недвижностите во Дубаи паѓаат првпат по постпандемискиот бум
Пазарот на недвижности во Дубаи, кој со години бележеше експлозивен раст, влегува во фаза на ладење под притисокот од геополитичките тензии и падот на побарувачката.
23.04.2026
Најбогатиот Украинец платил половина милијарда долари за стан во Монако
Милијардерот Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина, купил огромен, луксузен стан на пет ката во најпрестижниот нов комплекс во Монако за неверојатни 471 милион евра (554 милиони долари), што е една од најголемите поединечни трансакции за дом во историјата.
21.04.2026
Богатите жители на Блискиот Исток бараат недвижности во Европа за да избегаат од војната
Агентите за недвижности од Лондон, Монако, Швајцарија и шпанското луксузно летувалиште Марбеља известуваат за зголемен интерес
19.04.2026
Вкупно, на пазарот на недвижности во првиот квартал се свртени 276,3 милиони евра, или 12,4 проценти помалку на квартално ниво
Најголем број продадени станови евидентирани во регистарот на цени и закупнини има во Општина Аеродром (193 стана), а најмногу куќи, 54, се продадени во Битола.
Во регистарот на цени и закупнини во првите три месеци од годинава регистрирани се 712 новоизградени стана, односно станови од инвеститор, што е за 292 стана или 29 проценти помалку во споредба со четвртиот квартал од минатата година.
Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 28.013 листа за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.