text size
Македонското домаќинство во просек има 12.000 евра орочени во банка, а должи по 7.500 евра за кредит. Во 90 отсто случаи има сопствен стан, а секое второ домаќинство има и уште еден. Од вкупниот имот на едно домаќинство, над 85 отсто е во недвижен имот, остатокот во финансиски средства. Од нив, пак, над две третини се во банкарски депозити, а остатокот најмногу во приватни пензиски фондови, како готовина што циркулира, како и во акции од домашни компании. Многу помалку пари македонските семејства вложуваат во странски акции, обврзници или полиси за животно осигурување, иако и овие категории од година на година бележат раст.