Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бара веднаш да започнат преговори за Гренланд, тежнеејќи кон тоа САД да ја преземат данската територија, за време на неговото обраќање до светската бизнис и политичка елита во Давос во средата.
„Барам веднаш да започнат преговори за повторно разгледување на преземањето на Гренланд од страна на САД, исто како што стекнавме многу други територии во нашата историја“, изјави Трамп на Светскиот економски форум во Швајцарија.
Трамп го претстави преземањето на Гренланд како суштинско за колективната безбедност и го намали ризикот од ваквиот чин за НАТО.
Прочитај повеќе
Тензии меѓу САД и Европа во Давос - Лагард револтирано напуштила свечена вечера
Претседателката на ЕЦБ заминала од ексклузивна вечера во Давос, откако американскиот министер за трговија упатил жестоки критики кон Европа.
пред 2 часа
Даблин или Детроит нови домаќини на Светскиот економски форум?
Привремениот копретседател на Светскиот економски форум и извршен директор на „Блекрок“, Лари Финк, размислува за промена на локацијата на настанот...
пред 3 часа
Милијардери измамени во Давос - лажни ВИП-влезници за пристап до Трамп
Богатите се цел на сложена измама во Давос...
пред 5 часа
„Ова нема да биде закана за НАТО. Ова значително ќе ја зголеми безбедноста на целиот сојуз“, изјави Трамп. „САД се третирани многу неправедно од НАТО“, додаде тој. „Даваме толку многу, а добиваме толку малку во замена.“
Обраќањето на Трамп во Давос и неговата прва посета на овој настан по враќањето на власт, е остар предизвик за сојузничките лидери кои веќе се налутени од упорните повици за преземање на контрола над Арктичкиот остров, криза која фрли сенка на целиот форум.
Американскиот претседател исто така ги пофали своите политики како фактор кој предизвикал економски процут во САД и изјави дека неговиот план е пример за Европа.
„Вчера беше една година од мојата инаугурација, а денес по 12 месеци повторно во Белата куќа, нашата економија цвета. Растот експлодира, продуктивноста се зголемува, инвестициите се зголемуваат, приходите растат. Инфлацијата е поразена“, изјави Трамп.
Обраќањето беше и остро предупредување за Европа, сугерирајќи дека либералните влади на континентот заостануваат зад САД и дека лидерите треба да го следат неговиот модел за да им обезбедат подобар живот на своите граѓани.
„САД е економскиот мотор на планетата и кога Америка цвета, целиот свет цвета“, изјави Трамп. „Ја сакам Европа и сакам да ја видам Европа како напредува, но таа не оди во вистинскиот правец.“
Почетокот на негвото обраќање беше насочен кон публиката во Давос, а тој ја претстави Европа како непрепознатлива поради масовната имиграција и фокусот на зелените технологии, кои долго време ги исмејуваше како „измама“, промовирајќи го својот пристап кон економијата и колективната безбедност.
„Затоа прашања како што се енергија, трговија, имиграција и економски раст мора да бидат централни грижи за секој што сака да види силен и обединет Запад“, порача Трамп.