Главниот штаб на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос бил цел на измамници што им продавале лажни билети на милијардери за пристап до Куќата на САД (USA House) на самитот.
Во објава на веб-страницата на штабот, организаторите предупредија на купувањето таканаречени ВИП-пакети за пристап и посочија дека лажните продажби годинава се чини дека се широко распространети.
„Предупредување за милијардерите, ни беше предочено дека годинава повторно надворешни страни продаваат ’ВИП-пристап до Куќата на САД’ и други места на Стромбак Глобал во Давос“, се наведува во објавата. „Обемот на дојдовни барања оваа година сугерира дека овие лажни ВИП-влезници се најбрзо продаваната фикција во Давос.“
Прочитај повеќе
Трамп се сомнева дека заканите за Гренланд ќе го расипат трговскиот договор со Европа
Трамп изрази увереност дека Европската Унија ќе продолжи да инвестира во САД дури и ако тој воведе нови тарифи поврзани со неговиот поход по контрола врз Гренланд.
пред 4 часа
Лидерите од Г7 ја одбиваат поканата на Трамп за членство во Одборот за мир
Трамп упати покана до педесетина светски лидери да му се приклучат во Одборот за мир во Газа.
пред 23 часа
Преживување на најбогатите - Сите се собираат во Давос поради земјотресот предизвикан од Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп ја потресе глобалната економија каква што ја знаеме во Давос, швајцарското одморалиште синоним за богатство и моќ.
19.01.2026
„Наше сочувство до оние што станаа жртви на овие измами“, завршува објавата.
Куќата на САД е сместена во црква веднаш до безбедносниот периметар во Давос и е домаќин на панели со извршни директори и претставници на претседателскиот кабинет во текот на целата недела.
Претседателот Доналд Трамп треба да се обрати на Светскиот економски форум в среда попладне, а неговиот говор ќе биде емитуван во живо за публиката во Куќата на САД, каде што се присутни многумина од највисоките функционери и службеници на администрацијата.
Соопштение од штабот на Трамп