text size
Вкупните депозити во Македонија заклучно со декември 2025 година достигнаа 661,2 милијарди денари (10,7 милијарди евра) што е зголемување за 10,1 проценти во однос на истиот месец претходната година и убедлив рекорд. Со тоа продолжува повеќегодишниот тренд на континуиран раст на депозитите кај македонските банки кој главно е поттикнат од штедењето на домаќинставата. Индикативно е дека штедењето во изминатиов период расте и покрај разгорената инфлација која беше и сѐ уште е повисока отколку каматите на депозитите, поради што се обезвреднува приносот на штедачите. Анализиравме кои се причините зад ваквите трендови и дали граѓаните можат преку пласман на своите пари во други финансиски инсутрументи да заработат повеќе отколку преку банкарските депозити.