Првпат во четири години, оваа недела цената на нафтата затвори на над 100 долари за барел. Исто така првпат по четири години црното злато се доближи до 120 долари за барел. Цената од почетокот на неделата осцилираше, особено откако Трамп најави дека воениот судир нема да трае уште долго, но кон крајот на неделата цените повторно станаа троцифрени откако иранското раководство најави дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен. Не помогнаа ниту американската одлука делумно и привремено да ги ублажи санкциите за руската нафта, ниту враќањето на старото правило за морепловство, ниту одлуката на МАЕ да ослободи 400 милиони барели.
Освен нафтата, поскапува и гасот, а растат и цените на храната, затоа што Ормускиот Теснец е пат и за ѓубривата. Сето ова е дополнителна причина за раст на стравот од инфлација. Стравот ги брише и добивките на глобалните обврзници, а германскиот 10-годишен принос е на највисоко ниво од 2023 година, додека во земјата се смета дека ќе издржи нова криза само ако конфликтот не трае долго.
Во исчекување на одлуките на централните банки растат облозите дека доаѓа крајот на поевтините пари. Пред состанокот следната недела, креаторите на политиките на ЕЦБ најавуваат внимателност, а еуриборот неделава растеше со темпо како во текот на глобалната криза.
Прочитајте повеќе:
Иран игра долга игра: Дали Трамп го потцени противникот?
Врската долар–нафта е сè што е моментално важно на девизниот пазар
Поради високите цени на светските пазари и цените во земјава, особено на дизелот, значително се зголемија. По старото добро правило, за да заштедат, граѓаните во понеделникот вечер ги блокираа влезовите во бензинските пумпи за да наточат по стара цена.
Власта досега не интервенираше во даноците и акцизите, но најголемиот снабдувач во земјава „Окта“ обезбеди попуст за компаниите што ќе купуваат горива од рафинеријата. Најголемиот дистрибутер пак, „Макпетрол“, смета дека попустот е недоволен.
Премиерот уште еднаш повтори дека земјава има најевтино гориво во споредба со сите земји од регионот. Анализата на „Блумберг Адрија“ потврди дека дериватите во Македонија имаат најниски цени, но исто така потврди и дека со македонската плата се купува најмалку гориво во регионот.
Прочитајте повеќе:
МБИ10 падна на годишен минимум: Чуваат ли инвеститорите „пари за бензин“?
Компаниите масовно купуваат свои акции - скриен мотор на растот на берзата
Анализиравме како воената криза создава сериозен притисок и врз туризмот во луксузните дестинации на Блискиот Исток и зошто авиоиндустријата е под силен удар.
Проверивме кои сектори деновиве се во црвено, а кријат можност за принос. Откриваме кој почнува електрична офанзива во услови на растечки цени на фосилните горива, а побаравме и одговор дали „Спејс екс“ вреди 1,75 билион долари.