Геополитичките тензии на Блискиот Исток уште еднаш покажаа колку брзо може да расте цената на нафтата, но и да изгубат дел од добивката додека пазарот се прилагодува на новите информации. Ваквите ненадејни движења ја прават нафтата една од најнестабилните стоки на пазарот, поради што отвораат можности за инвеститорите кои знаат како да ги искористат ваквите движења.
Два примери за тоа како брзо да заработите од нестабилноста на нафтата
Замислете дека во февруари 2022 година, ги следевте вестите за руските трупи на границата со Украина. Додека политичарите се надеваа на дипломатско решение, паметните инвеститори веќе правеа пресметки. Кога првите тенкови ја преминаа границата, пазарот експлодираше, а суровата нафта брент скокна од 90 на 130 долари за еден месец. Оние кои влегоа во позиции на почетокот на кризата заработија 40 проценти на краток рок.
Но, приказната не завршува тука. Исто толку брзо како што растеше, нафтата падна на околу 100 долари до крајот на април. Пазарот сфати дека војната ќе биде локализирана, стратешките резерви почнаа да пумпаат нафта во системот, а оние кои беа најизложени ги диверзифицираа своите извори. Слична динамика гледаме и денес: цените на нафтата нагло растат поради тензиите на Блискиот Исток и ризиците од снабдување, но секој потенцијален политички договор или деескалација на конфликтот би можел да ги намали цените исто толку брзо. Во такви ситуации, инвеститорите кои се обложуваат против цената на нафтата со заземање кратки позиции, исто така можат да профитираат ако го погодат моментот кога пазарот ќе почне да се сврти. Од друга страна, инвеститорите кои предолго држат позиции во таква средина лесно можат да гледаат како профитот што го оствариле почнува да се топи.
Прочитај повеќе
Златото паѓа бидејќи растот на нафтата поттикнува стравувања од повисоки каматни стапки
Златото падна за дури три проценти на околу 5.015 долари за унца, што е прв неделен пад за повеќе од еден месец.
пред 4 часа
Трговците ги „билдаат“ облозите за каматите на ЕЦБ, се очекуваат две зголемувања
Zголемените цени на енергијата ги поттикнаа стравувањата дека инфлацијата ќе се зголеми.
пред 4 часа
Нафтата надмина 100 долари за барел, пад на производството поради војната со Иран
Брентот во еден момент достигна цена од 119,5 долари за барел, а потоа се спушти на 106 долари.
пред 5 часа
Хаосот на пазарот на нафта расте додека Заливот го намалува производството
Хаосот што го зафати пазарот на нафта веројатно ќе се продлабочи во наредните денови, бидејќи производството продолжува да опаѓа додека војната во Иран го држи Ормускиот теснец затворен за танкери.
пред 20 часа
Емиратите и Кувајт почнаа да го намалуваат производството на нафта
Обединетите Арапски Емирати и Кувајт почнаа да го намалуваат производството на нафта, откако речиси целосната блокада на клучниот Ормуски теснец почна да се прелева врз енергетските пазари и да влијае врз светската понуда.
08.03.2026
Низ графикони: Како војната во Иран ја нарушува глобалната трговија
Еден тесен премин во Персискиот залив го тресе глобалниот транспорт на нафта, гас и стоки. Дали блокадата на Ормускиот теснец ќе ја забави светската економија?
07.03.2026
Само девет празни супертанкери со нафта се видливи во Персискиот Залив
Податоците за следење на бродови покажуваат драматичен пад на бројот на празни супертанкери во Персискиот Залив, што го усложнува извозот на нафта.
06.03.2026
Уште подраматична приказна се случи во 2020 година. Додека светот влезе во карантин, нафтата стана речиси безвредна, а ВТИ (WTI) падна на неверојатни негативни 37 долари за барел. Луѓето буквално плаќаа за да се ослободат од нафтата бидејќи немаше каде да ја складираат. Сепак, оние кои имаа дрскост да купат на дното и да чекаат до крајот на годината заработија повеќе од 200 проценти.
Движење на цената на нафатата во долари од 2018 година до денес
Извор: Блумберг Адрија аналитика
На што се сведува сето ова? Приносите звучат примамливо, но во вакви ситуации немате денови за да донесете одлука, имате минути. А тие минути се чувствуваат како да седите пред екрани што личат на терминали на „Блумберг“ и ја следат цената. Брзина на дејствување? Веднаш, што не е за секого. Освен ако немате работа каде што можете да ги следите случувањата на берзата без прекин, можете веднаш да заборавите на краткорочното тргување.
Како да се позиционирате за следната криза?
Во ред, можеби сте еден од оние кои имаат време, знаење и пари да се вклучат во нешто такво. Еве што ви е достапно.
CFD-ите се најбрзиот начин да влезете во играта. Постојат многу платформи, а Револут (Revolut) или „е-Торо“ (eToro) ви овозможуваат да се позиционирате со телефонот во рака додека сè уште го пиете утринското кафе. Без чекање, без документација. Само еден клик и внатре сте. Секако, плаќате за таа брзина преку таканаречени спредови и надоместоци за држење позиција преку ноќ. И внимавајте, статистиката покажува дека повеќе од 70 проценти од луѓето губат пари на овој начин затоа што не знаат како правилно да го проценат моментот за отворање и/или затворање на позиција. Колку животни одлуки би донеле знаејќи дека вашите шанси за успех се околу 20 проценти?
Исто така, постојат фјучерси за оние кои мислат дека имаат пристап до навремени информации. Слично на CFD-ите, на располагање ви е таканаречениот левериџ. Значи, вашата инвестиција од 100 евра со левериџ од еден до 30 контролира три илјади евра, што значи дека можете да заработите, но и да изгубите 30 пати повеќе отколку што можете евентуално да поднесете.
Дали тоа е премногу ризично за вас? Да продолжиме понатаму. Сакате малку поконзервативно и побавно? „Ексон мобил“ (ExxonMobil) или „Шел“ (Shell) нема да ви дадат директна изложеност на цената на нафтата, но нема ниту да исчезнат преку ноќ. Проблемот е што нивната цена зависи од тоа колку долг презеле, како работи нивната рафинерија и дали нивниот извршен директор направил нешто глупаво. Ако мислевте дека е комплицирано да се следат берзите, обидете се со кварталните финансиски извештаи на компаниите.
Еден од најживописните примери за тоа како цената на акциите на една нафтена компанија не мора нужно да корелира со цената на нафтата е катастрофата со „Дипвотер Хорајзон“ во Американскиот Залив во 2010 година. Кога нафтената платформа „Дипвотер Хорајзон“ на „БП“ експлодираше на 20 април 2010 година, цената на нафтата се одвои од цената на акциите на „БП“. Дали сè уште сте убедени дека нафтените компании се вистинскиот избор?
Цена на нафтата и акциите на „Бритиш петролеум“, индексирани на денот на катастрофата на „Дипвотер Хорајзон“
Извор: Блумберг Адрија аналитика
Физичка нафта - заборавете на тоа
Ако сте еден од оние инвеститори кои сакаат да видат во што влегуваат, можеби сте помислиле дека можете да купите барел нафта и да ја ставите во вашата гаража? Заборавете на тоа. Нафтата бара посебни резервоари, дозволи, безбедносни мерки, што е работа за големите играчи со свои терминали. Ако го читате ова, веројатно не сте еден од нив.
Во ред, ако не во нафта, во што да вложите кога е криза?
Нафтата е како руски рулет со повеќе куршуми во цевката. Кога Ормускиот теснец е затворен или избувнува војна на Блискиот Исток, цените можат да скокнат за 50 проценти за неколку дена. Но, штом ситуацијата се стабилизира или политичар го каже вистинскиот збор, сè се урива како кула од карти. Ако сè што кажавме е точно, како можеме да објасниме дека цената на нафтата нагло падна откако Иран испали ракети врз американска воена база? Многу едноставно. На пазарот му требаше само Трамп да му се заблагодари на Иран за објавувањето на нападот и за фактот дека никој не е убиен, а целото сценарио беше протолкувано како деескалација. И сето ова се случи помеѓу двата дневника на телевизија.
Цена на нафата во долари од почетокот на ексалацијата во Иран
Извор: Блумберг Адрија аналитика
Златото можеби е подосадно, но е побезбедно. Кога светот се тресе, луѓето трчаат кон златото и остануваат таму. Не зависи од тоа дали некој ќе го затвори цевководот или дали рафинеријата ќе се расипе. Едноставно е таму, исто како што било кога вашите прадедовци се бореле со инфлацијата. Да бидеме јасни, златото има свои подеми и падови, но тие се многу помалку изразени.
Од 2000 година златото имаше значајно повисок раст од нафтатата со помалку осцилации на цената
(Индекс 1/1/2000 = 1)
Извор: Блумберг Адрија аналитика
Знам во што да вложам, како да проценам кога е време за тоа?
Следете ги вестите, но не чекајте Си-ен-ен (CNN) да објави дека војната започнала. Кога ќе видите тензии, подгответе се, имајте подготвена отворена сметка, поставете листи за следење, дефинирајте колку сте спремни да изгубите. Кога ќе се појави криза, немате време да размислувате предолго.
Никогаш не ризикувајте повеќе отколку што можете да си дозволите да изгубите. Нафтата може да донесе фантастични добивки, но исто така може да уништи сè што имате за еден ден. Златото е побезбедна опција за оние кои сакаат да спијат мирно.
Следната криза доаѓа. Прашањето е, дали сте подготвени да седнете пред екранот и да го притиснете копчето кога сè ќе започне и да останете смирени додека светот паничи?