text size
Природниот гас во Европа продолжи да поскапува додека трговците ја проценуваат неизвесноста околу натамошниот тек на конфликтот на Блискиот Исток и рамнотежата меѓу понудата и побарувачката во регионот.
Референтните фјучерси надминаа 85 евра за мегаватчас, откако во претходната трговска сесија пораснаа за 2,7 отсто. Разговорите за завршување на војната со Иран бележат мал напредок, а нападите врз танкери во Ормускиот теснец продолжија и неделава. Највисокиот безбедносен функционер на Техеран негираше дека се водат преговори со САД, објави иранската државна агенција ИРНА.
Увозот на течен природен гас во Европа е под ланското ниво, а невообичаено ниските зимски резерви почнаа да се намалуваат со почетокот на грејната сезона. Рамнотежата меѓу понудата и побарувачката во Европа зимава во голема мера зависи од тоа колку брзо ќе се обноват испораките низ Ормускиот теснец, особено оние од Катар, кој е водечки извозник.
Прочитај повеќе
Цените на струјата во Европа скокнаа над 600 евра за мегават-час
Причина за високите цени е остриот пад на производството од ветер, покажувајќи колку затегнат може да стане пазарот на струја кога производството од обновливи извори е слабо.
09.11.2026
„Антропик“ ќе плати 3,4 милијарди долари за генератори на гас што ќе ги напојуваат центрите за ВИ
„Антропик“ планира да потроши повеќе од 895 милијарди долари во наредните години. Најголемиот дел од сумата, се однесува на трошоците за компјутерски капацитет и инфраструктура.
08.11.2026
ИЕА предупредува дека затегнатоста на пазарот на гас ќе потрае до 2027 година
Ниските нивоа на складиран природен гас ширум ЕУ, заедно со континуираните нарушувања во снабдувањето на Блискиот Исток, значат дека регионот во голема мера ќе ги исцрпи своите резерви во текот на студените месеци, соопшти ИЕА во извештај објавен во вторникот.
03.11.2026
Трамп сака да го врати рускиот гас во Европа преку американски посредник
Рускиот гас повторно кон Европа преку Украина? Американски план што може да ја промени енергетската слика...
02.11.2026
Студениот бран ќе биде првиот тест за пазарите на гас во Европа и Азија
Европа и Источна Азија следната недела ги очекува бран на студено време, што би можело да ја зголеми побарувачката за природен гас.
27.10.2026
Bloomberg
Војната со Иран отстрани од пазарот речиси една петтина од светскиот извоз на течен природен гас, па Европа и Азија се натпреваруваат за ограничените количини. Цените на гасот во двата региона неодамна скокнаа на највисокото ниво од 2022 година и се повеќе од трипати повисоки отколку на почетокот на годината.
Иако цените се намалија месецов поради надежите за напредок во мировните преговори, кои се засилија по изборите во САД на средината од претседателскиот мандат, тие остануваат високи бидејќи понудата на пазарот и натаму е ограничена.
Полската енергетска компанија „Орлен“ (Orlen SA) раскина еден од своите долгорочни договори со „Катар енерџи“ (QatarEnergy), што е нов удар за Катар како голем извозник на течен природен гас. „Орлен“ како причина наведе дека „Катар енерџи“ не може да ги исполни обврските за испорака бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го нарушува транспортот.
Холандските фјучерси со најблизок рок на доспевање, референтни за цената на гасот во Европа, во 9:03 часот по локално време во Амстердам се тргуваа по 86,78 евра за мегаватчас, што е раст од 2,4 отсто.