text size
Нафтата поевтини откако беше објавено дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ѝ даде повеќе време на дипломатијата со Иран пред евентуално да ги обнови нападите по изборите за Конгресот во вторник.
Брент поевтини за повеќе од 3 отсто, под 110 долари за барел, со што го избриша целиот раст од петокот, додека американската нафта Вест Тексас падна под 101 долар. Трамп во телефонски разговор му кажал на Бенјамин Нетанјаху дека ѝ дава предност на дипломатијата, стратегија што го загрижила израелскиот премиер, објави „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори. Двете земји ја почнаа војната кон крајот на февруари со заеднички напади врз Иран.
Во саботата, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека не е донесена одлука за нови напади и дека Трамп претпочита дипломатско решение. Заложбите за разговори ја ублажија загриженоста од обновување на непријателствата, иако нападите врз бродови во близина на Ормускиот Теснец продолжија.
Прочитај повеќе
ОПЕК+ ги задржа непроменети целите за производство на нафта за декември
Седум членки на групата производители на нафта ОПЕК+ се согласија да ги задржат производствените квоти непроменети во декември,
пред 16 часа
„Окта“: Приходите од продажба пораснаа за 105 отсто на годишно ниво
ЕБИТДА достигна 2.340 милиони денари, во споредба со 513 милиони денари во истиот период од 2025 година, додека добивката пред оданочување се зголеми на 2.307 милиони денари.
30.10.2026
„Сауди Арамко“ испорачува дополнителни количини нафта за европскиот пазар
„Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) им нуди спот-пратки на нафта на европските купувачи и за овој и за следниот месец што укажува дека компанијата се обидува да ги надомести загубените испораки откако беше затворен клучниот извозен нафтовод.
27.10.2026
Бензините поевтинуваат за 5 денари, цената на дизелот останува иста
Според одлуката на РКЕ, извршено е намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на сегашните цени.
26.10.2026
Трамп се подготвува за ескалација во Иран по изборите во САД и Израел
Претседателот веќе испрати трета ударна група носачи на авиони и дополнителни 10.000 морнари и маринци кон Персискиот Залив.
25.10.2026
Глобалната референтна нафта поскапе во октомври, достигнувајќи највисоко ниво во последните шест месеци и покрај обновувањето на протокот на сурова нафта низ Ормускиот Теснец. Иако Трамп минатата недела изјави дека мировните преговори се во тек, тој повеќепати се закани дека ќе ги обнови нападите врз Иран по изборите за Конгресот. Во четвртокот, висок воен командант го информирал американскиот претседател за воените опции, објави „Волстрит џурнал“.
„Ова е привремено повлекување на цените“, рече Флоренс Шмит, виш стратег за енергетика во „Рабобанк“ (Rabobank). Сегашната реторика укажува дека е можна натамошна ескалација на Блискиот Исток, што би можело да ја поскапи нафтата, додаде таа.
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи им нареди на своите највисоки воени команданти да се подготват за нова конфронтација со САД и Израел, иако неговиот министер за надворешни работи сигнализираше напредок во дипломатските разговори. Иранска делегација во саботата беше во Катар на разговори со посредници.
Во неделата, британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека добила пријава дека брод бил погоден со проектил во Ормускиот Теснец, по нападот врз танкер за течен природен гас во петокот. Службата пријави и дека брод бил погоден источно од Рас ал Хафџи во Саудиска Арабија, длабоко во Персискиот Залив.
Иако извозот на сурова нафта од Персискиот Залив е блиску до предвоените нивоа, испораките на нафтени деривати и натаму се ограничени. Конфликтот на Блискиот Исток, заедно со засилените украински напади врз руските рафинерии, придонесе за раст на цените на горивата. Цените на дизелот нагло пораснаа во САД и Европа.
Во такви услови, „Голдман сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.) ја зголеми прогнозата за „Брент“ на 105 долари за барел во декември и на просечни 88 долари следната година, наведувајќи ги зголемените геополитички ризици за снабдувањето. „Конфликтите на Блискиот Исток и меѓу Русија и Украина, заедно со пошироката геополитичка фрагментација, создаваат висок ризик од прекини во снабдувањето“, напишаа аналитичарите, меѓу кои Даан Стрејвен и Јулија Григсби.
Дизелот е дериватот со „најголеми тешкотии во снабдувањето“ во пресрет на зимата на северната хемисфера, рече Џун Го, виш аналитичар за нафтениот пазар во „Спарта комодитис“ (Sparta Commodities SA). Слободните рафинериски капацитети се концентрирани во Кина, а тамошните власти и натаму строго го контролираат извозот на горива, додаде таа.
Исовремено, ОПЕК+ во текот на викендот се договори да ги задржи непроменети производните квоти во декември, откако во септември ги укина и последните доброволни намалувања на производството. Потегот е главно симболичен, со оглед на тоа што непријателствата на Блискиот Исток, вклучително и во Црвеното Море, продолжуваат да ги загрозуваат извозот и производствените капацитети.