text size
За разлика од социјалните мрежи на кои корисниците првенствено следат други луѓе, Редит (Reddit) обединува заедници во кои се дискутира за речиси сите теми, од финансии и технологија до секојдневни проблеми. Токму тие дискусии привлекуваат посетители, на кои компанијата им прикажува реклами и на тој начин остварува најголем дел од своите приходи. Развојот на вештачката интелигенција му отвори на Редит и нов извор на заработка преку продажба на пристап до содржините на компаниите за вештачка интелигенција, но истовремено почна да го загрозува еден од главните начини на кои новите посетители доаѓаат до неговите дискусии.