text size
Скопјани ќе плаќаат поскапо парно од 1 декември. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56 отсто.
Со оваа одлука ќе важи за домаќинствата што се снабдуваат од „ЕСМ Снабдување“, „ЕСМ Дистрибуција“, „ЕСМ Производство на топлина“ и „ЕСМ Енергетика“. За корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север зголемувањето е за 5,84 отсто.
Од РКЕ образложија дека зголемената цена на природниот гас „е резултат на геополитичките случувања“.
Прочитај повеќе
Екстремните временски појави дополнително ќе ги поскапат нафтата и гасот
Во просек, пристаништата што опслужуваат танкери губат околу еден и пол ден годишно поради екстремни временски услови, иако поголемите природни непогоди може да ги прекинат операциите со недели, па дури и со месеци.
26.11.2026
Гасот во Европа нагло поскапе, студот ги загрозува и онака ниските резерви
Европа влегува во периодот на најголема зимска побарувачка со резерви на гас далеку под сезонскиот просек, а според најновите прогнози, студот на северозападот од континентот ќе трае до почетокот на декември.
23.11.2026
Гасот во Европа надмина 85 евра за мегаватчас, продожува неизвесноста околу војната со Иран
Европа ја почнува грејната сезона со невообичаено ниски резерви на гас, а снабдувањето зимава во голема мера зависи од обновувањето на испораките низ Ормускиот теснец.
11.11.2026
Цените на струјата во Европа скокнаа над 600 евра за мегават-час
Причина за високите цени е остриот пад на производството од ветер, покажувајќи колку затегнат може да стане пазарот на струја кога производството од обновливи извори е слабо.
09.11.2026
„Со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари. Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година“, соопшти РКЕ.
На почетокот на оваа недела референтните фјучерси на берзите пораснаа за дури 8,6 отсто, на 96,075 евра за мегават-час. Тоа беше најголемиот раст во текот на тргувањето по повеќе од една недела. Резервите на гас во европските складишта остануваат далеку под сезонскиот просек во пресрет на периодот на најголема зимска побарувачка.