text size
Влијае ли нафтениот шок предизвикан од војната во Иран врз пазарот на капитал во Македонија е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека Македонскиот берзански индекс (МБИ10) во вторникот (10 март 2025 година) падна на 9.886 поени, што е убедливо најниско ниво во изминатава година и далеку од историскиот максимум од 11.050 поени постигнат на 21 јануари минатата година. Воените дејствија во Иран имаа негативно влијание на светските берзи кадешто во минатата недела имаше пад на вредноста на најголемите акциски индекси.