text size
Последиците од иранска војна, од аспект на енергетските пазари, можеме да ги споредиме со возење на ролеркостер. Јасен пример за таквата непредвидливост е однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој заканата за тотална војна против Иран најпрво ја замени со примирје, а потоа, по неуспешните преговори со иранската делегација во Исламабад во неделата, неочекувано најави американска блокада на Ормускиот Теснец. Какви се сценаријата за последиците за светот и Европа?