text size
Само една година по експанзијата на нови повеќекатници и вили во Дубаи, за кои се натпреваруваат најбогатите бизнисмени и инвеститори, овој емират и целиот регион се најдоа во состојба на страв и неизвесност. Вистина е дека Обединетите Арапски Емирати со текот на времето изградија стабилна оаза за живеење и бизнис, па овие денови минуваат без поголема паника. Сепак, се поставува прашањето какви би можеле да бидат последиците од војната на Блискиот Исток врз пазарот на недвижности во ОАЕ – и дали воопшто ги има.