Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80 проценти, соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п.
Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54 проценти и на месечна основа е зголемена за 0,05 п.п., при годишно намалување од 0,28 п.п.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи пад на месечна и на годишна основа од 0,07 п.п. и 0,53 п.п., соодветно и изнесува 2,27 проценти.
Прочитај повеќе
Од инфлацијата ќе зависи дали ќе паднат каматите во 2026 година
За да се намалат каматите, треба да забави инфлацијата, а тоа ќе се случи ако платите се зголемуваат законски, а не административно. Вака накратко гувернерот Славески објасни од што ќе зависи монетарната политика следната година.
29.12.2025
Стан во Скопје или акции од МБИ10: Која инвестиција носи поголема заработка?
Македонскиот берзански индекс е апсолутен победник на пазарот во последните пет години и е во пораст од 178 проценти.
24.12.2025
Време ли е за рефинансирање на станбените кредити: Македонската инфлација го има зборот
Инвеститорите сè повеќе очекуваат дека каматните стапки во еврозоната следната година би можеле да растат, а пазарното вреднување сега имплицира дека во 2026 година е поверојатно зголемување отколку намалување на каматните стапки на Европската централна банка.
22.12.2025