text size
Граѓаните што долгорочно инвестирале во акции од македонскиот берзански индекс (МБИ10) имаат многу повеќе причини за задоволство отколку оние што решиле со парите да купат стан во Скопје бидејќи заработката на првите е значително поголема. Со помош на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ пресметавме дека ако сте инвестирале 100.000 евра во 2020 година во МБИ10, денес би имале 278.000 евра (заработка од 178.000 евра), а ако сте инвестирале во стан со иста вредност, денес би можеле да го продадете тој стан за 208.000 евра (заработка од 108.000 евра).