text size
По вторпат во три години Србија ја погоди африканска чума, заразна болест кај свињите. Заразата е потврдена во седум окрузи, 12 општини и 58 населени места, на вкупно 734 земјоделски стопанства, соопшти Министерството за земјоделство на Србија. Вонредна состојба е прогласена во девет општини, а околу 30.000 свињи угинале или биле евтаназирани.