text size
„Невообичаено големите“ буџетски дефицити на Соединетите Американски Држави (САД) и незапирливиот раст на јавниот долг ја прават земјата сè поранлива на непредвидливите потези на инвеститорите, предупреди рејтинг-агенцијата „Скоуп рејтигнс“.
Во соопштението во петокот, компанијата го задржа рејтингот на САД на AA-, три нивоа под највисокиот рејтинг, со стабилни изгледи, но додаде дека постојаното зголемување на задолженоста на земјата не може да трае засекогаш.
„Без значително посилен економски раст или позначително фискално приспособување преку зголемување на приходите или намалување на расходите, „Скоуп“ очекува динамиката на долгот да остане неповолна“, наведе компанијата. „Оваа траекторија укажува на неодржлив фискален правец на среден рок и ја прави државата сè поизложена на промени во расположението на пазарот.“
Прочитај повеќе
Десет причини за растот на приносите на државните обврзници
Приносите на обврзниците растат речиси секојдневно ширум светот, поттикнувајќи жестока дебата за причините за тоа уште колку можат да растат.
01.10.2026
Велика Британија се соочува со највисоки трошоци за задолжување од 1998 година наваму
Приносите на британските обврзници се движат околу највисоките нивоа во последните децении, откако глобалната распродажба на обврзници меѓу развиените економии во изминатите недели најсилно ги погоди токму британските хартии од вредност.
08.09.2026
Вистинска криза на пазарот на обврзници започнува кога реагираат централните банки
Инвеститорите со сигурност ќе знаат дека има криза на пазарот на обврзници кога централните банки ќе бидат принудени да се вмешаат, смета Еико Сиверт од агенцијата „Скоп Рејтингс“.
05.09.2026
Компанијата предвидува дека јавниот долг во однос на економската активност за десет години ќе се зголеми на 160 отсто и предупредува дека нето-трошоците за камати до 2031 година ќе достигнат „исклучително високо“ ниво. Таа укажа и на ризиците поврзани со претстојниот судир во Конгресот околу горната граница на задолжувањето.
Иако САД повеќе немаат највисок кредитен рејтинг од ниту една од големите рејтинг-агенции, откако „Мудис“ минатата година го намали рејтингот на земјата, ставот на „Скоуп“ веќе долго време се издвојува како особено песимистички.
Подготвеноста на компанијата да го намали рејтингот на САД се разликува од повнимателниот пристап на конкурентите. Главниот аналитичар за суверени рејтинзи во „Фич“, на пример, во јануари изјави дека ново намалување на рејтингот на земјата, набргу откако компанијата го намали во 2023 година, би било „многу невообичаено“.
„Скоуп“ последен пат го намали кредитниот рејтинг на САД за време на застојот околу горната граница на задолжување во 2025 година, а земјата ја оценува две нивоа пониско од рејтингот што ѝ го доделуваат агенциите „Мудис“, „Фич“ и „Ес енд пи глобал рејтингс“.
„Скоуп“ е една од само петте компании што Европската централна банка ги користи за процена на колатералот и единствената меѓу нив со седиште во Европа.