text size
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за измени и дополнувања на макропрудентните мерки за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со измените се намалува максималниот дозволен ДСТИ – односот меѓу месечните отплати на кредитите и приходите на кредитокорисникот – и се скратува максималниот рок на отплата на одредени видови кредити. Целта е превентивно, во услови на здрав и стабилен банкарски систем, да се ограничат ризиците од прекумерно задолжување на домаќинствата и да се придонесе за одржливо кредитирање и финансиска стабилност. Поповолниот третман за граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште останува непроменет.
„Измените се донесуваат во услови на здрав и стабилен банкарски систем, без присутни системски ризици, при што квалитетот на кредитното портфолио на физичките лица и понатаму се подобрува. Истовремено, кредитната активност кон физичките лица продолжува да расте. Во првото полугодие од 2026 година, годишниот раст на кредитите на физичките лица достигна 12,2 проценти, наспроти 11,2 проценти во 2025 година. Највисок раст е забележан кај станбените кредити, од 16,6 проценти“, соопшти Народната банка.
Со измените, максималната вредност на показателот ДСТИ се намалува за 5 процентни поени – од 50 на 45 проценти за кредитите во денари и од 45 на 40 проценти за кредитите со валутна компонента. ДСТИ покажува колкав дел од месечниот приход може да се користи за отплата на кредитите. За кредитите за прво купување сопствено живеалиште лимитите остануваат непроменети – 50 и 45 проценти, соодветно.
Прочитај повеќе
Кредитите пораснале за 13,6, а депозитите за 9 отсто годишно
Кредитирањето во август бележи раст од 0,7 отсто на месечна и 13,6 отсто на годишна основа, а вкупните депозити се зголемија за 1,6 отсто на месечна и 9 отсто на годишна основа
23.09.2026
Кои се главните причини што ги тераат граѓаните на поплаки кон македонските банки?
Во 2025 година до банките и штедилниците биле доставени 2.385 поплаки.
13.08.2026
Со 30.000 евра денес нема стан, но Македонците имаат и подобра инвестиција
„Блумберг Адрија“ ги праша експертите - што ако имате пари настрана, каде да ги вложите, а тие да работат сами од себе и да ви носат принос.
31.07.2026
Истовремено, максималниот рок за отплата на станбените кредити се намалува од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години. За кредитите за прво купување сопствено живеалиште рокот останува 30 години.
Народната банка за првпат ги воведе овие макропрудентни мерки во јули 2023 година, а нивната поставеност дополнително се зајакна од декември 2025 година.
„Досегашните податоци покажуваат подобрување на структурата на новото кредитирање, со намалување на кредитирањето на домаќинствата со повисок должнички товар. Оттука, дополнителното воведување мерки има превентивен карактер и е насочено кон навремено ограничување на потенцијалните ризици од прекумерно задолжување, пред да се остварат“, наведуваат од Народната банка.