text size
Народната банка на соопшти дека вовела привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Од централната банка нагласуваат дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „Алта банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити.
„Напротив, целта на оваа привремена заштитна мерка е банката да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и други доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба, односно промена на сопственоста на банката“, наведуваат од Народната банка.
Оттаму објаснуваат дека станува збор за привремена заштитна мерка, а не за постапка за затворање на банката.
Прочитај повеќе
НБРМ воведе администрација врз „Алта банка“ Битола
Оваа мерка се презема со цел заштита на имотот на банката и штедачите затоа што во претходните денови од банката биле повлечени околу 2 милиони евра.
пред 18 часа
НБРМ ги следи сите околности што можат да влијаат врз работењето на „Алта банка“ од Битола
Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации.
31.10.2026
Какви финансиски резултати прикажува „Алта банка“ во Македонија?
Српската „Алта банка“ на која утрово Народна банка на Србија и ја одземе дозволата за работа пред една година стана сопственик на „Стопанска банка“ од Битола.
31.10.2026
НБС ја одзеде дозволата на „Алта банка“, „Алта банка“ Битола соопшти дека работи непречено
НБС ѝ ја одзеде дозволата за работа на ALTA банка, откако банката, и покрај претходно изречените надзорни мерки, не успеа да ја подобри својата финансиска состојба и ликвидност.Српската банка пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
31.10.2026
„‚Алта банка‘ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Банката е ликвидна, високо капитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува супервизорските стандарди“, велат од НБРСМ.
Од Народната банка појаснуваат дека во периодот на привремената администрација, „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да им ги обезбедува услугите на своите клиенти.
„Воведувањето администрација е времена мерка со која управувањето со имотот и работењето на банката привремено се врши преку лица именувани од Народната банка. Целта е да се зачува стабилноста на банката и да се заштитат средствата и интересите на нејзините клиенти до промената на сопственичката структура“, велат Народната банка.
Според централната банка, средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремено е ограничена само динамиката на одливот на средства, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи.
„За физичките лица е определен неделен лимит за одлив од сметките во износ од 10.000 денари, кој може да се користи со картичките издадени од банката за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања од сметките на физичките лица кон сметките на други физички и правни лица, во рамките на Банката остануваат овозможени во неограничен износ“, наведуваат од Народната банка.
Правните лица ќе може да извршуваат само внатрешни плаќања од своите сметки кон сметките на други правни и физички лица, во рамките на банката во неограничен износ. Правните лица нема да можат да изнесуваат средства надвор од банката преку платните системи во земјата, а ниту пак преку повлекување готовина од банкомати или шалтери на банката.
Приливните плаќања од странство преку СЕПА и коресподентно банкарство ќе се одвиваат непречено, додека одливните плаќања кон странство нема да бидат достапни привремено за физичките и правните лица. Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат своите обврски кон банката. Штедните влогови на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до износ од 30.000 евра, согласно законските правила.
„Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка“, велат од централната банка.
Народната банка ги повикува граѓаните и клиентите на ванката да не носат одлуки врз основа на непроверени информации, туку да се информираат исклучиво од официјалните извори.
„Непотребното и масовно повлекување на средства не е во интерес на штедачите, поради што е особено важно да се избегнуваат постапки предизвикани од неточни или непотврдени информации“, наведуваат од централната банка.