text size
Од денеска се отворени шалтерите на „Алта банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка.
„Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на банката да можат да располагаат со своите средства“, информираат од централната банка.
Оттаму додаваат дека од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари.
Прочитај повеќе
Славески: Нови олеснувања за клиентите на „Алта банка“ – Битола
Три нови олеснувања за клиентите на „Алта банка“-Битола соопшти Народната банка, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.
06.11.2026
НБРМ: Од „Алта банка“ немало трансфери кон Русија, одливите кон Србија биле незначителни
На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „Алта банка“ АД Битола.
05.11.2026
Кој ќе ја купи „Алта банка“ – Битола: во игра се наводно две домашни банки
„Алта банка“ - Белград отиде под стечај, а во Македонија, нејзината фирма “Алта банка“ - Битола веројатно ќе се продава преку берзата, како што информираат од Народната банка.
03.11.2026
Полицијата над 30 часа вршела претрес во „Алта банка“, приведен сопственикот Мацура
Зад неговото име стои огромна деловна мрежа: банки, маркети, хотели, градежништво, инвестициско злато и осигурување, вклучително и во Македонија.
02.11.2026
Што значи привремената администрација врз „Алта банка“ Битола?
Од централната банка нагласуваат дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „Алта банка“ АД Битола.
02.11.2026
„Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на банката“, наведуваат од Народната банка.