text size
Српската „Алта банка“ на која утрово Народна банка на Србија и ја одзеде дозволата за работа пред една година стана сопственик на „Стопанска банка“ од Битола.
Банката вчера го објави финансискиот извештај за периодот до септември годинава. Според овој извештај банката работи со загуба во земјава.
„Алта банка“ од Битола оствари нето-загуба во износ од 48,64 милиони денари, наспроти добивката од 49,15 милиони денари остварена во истиот период од претходната година. Во однос на планот, Банката оствари послаб резултат за 36,27 отсто, односно за 12,95 милиони денари.
Прочитај повеќе
НБС ја одзеде дозволата на „Алта банка“, „Алта банка“ Битола соопшти дека работи непречено
НБС ѝ ја одзеде дозволата за работа на ALTA банка, откако банката, и покрај претходно изречените надзорни мерки, не успеа да ја подобри својата финансиска состојба и ликвидност.Српската банка пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
пред 1 час
Српската „Алта банка“ е нов сопственик на „Стопанска банка Битола“
Понудата ја прифатиле 262 акционери
14.10.2025
„Финансискиот резултат на банката во анализираниот период е под влијание на спроведувањето на овие развојни активности, како и на определбата за конзервативен пристап во управувањето со кредитниот ризик и понатамошно подобрување на структурата и квалитетот на активата. Остварениот финансиски резултат и понатаму е под влијание на стратешката определба на банката за внимателно преземање кредитен ризик, зајакнување на квалитетот на кредитното портфолио и активно управување со нефункционалните пласмани, како и под влијание на зголемените вложувања во човечки ресурси и деловна инфраструктура со цел создавање услови за идниот раст и развој на банката“, стои во образложението на резултатите на банката.
Нето-приходите од камати во периодот изнесуваат 252,00 милиони денари и се пониски за 22,13 милиони денари или 8,07 отсто во однос на истиот период од 2025 година. Во однос на планот, тие се пониски за 7,55 отсто, односно за 20,58 милиони денари. Намалувањето се должи на пониските приходи од камати од инструментите кај централната банка и на наплатени отпишани камати, и покрај растот на каматните приходи од пласманите во државни записи.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 34,93 милиони денари и бележат намалување од 14,32 милиони денари или 29,07 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во однос на планот, тие се пониски за 75,65 отсто, односно за 108,50 милиони денари. Реализацијата е главно резултат на пониски приходи од провизии поврзани со кредитните активности и платниот промет кај нефинансиските правни лица.
„Одразувајќи ги движењата на приходните и расходните позиции, банката и понатаму задржува високо ниво на ликвидност и капитална стабилност. На 30.09.2026 година вкупната актива изнесува 11,27 милијарди денари, додека капиталот и резервите изнесуваат 1,98 милијарди денари. Учество на ликвидната актива во вкупната актива изнесува околу 43,91 отсто, што претставува високо ниво на ликвидносна покриеност и обезбедува стабилна финансиска позиција на банката“, стои во соопштението.
Нето-кредитите на клиентите достигнаа 4,90 милијарди денари и бележат годишен раст од 27,6 отсто, додека депозитите на клиентите изнесуваат 8,91 милијарди денари и се повисоки за 5,4 отсто во однос на 30.09.2025 година.
Очекувања за следниот период
Според последните макроекономски проекции на Народната банка, во наредниот период се очекува македонската економија да продолжи да закрепнува со умерена и стабилна стапка на раст, поддржана од домашната побарувачка, инвестициите и кредитната активност. Истовремено се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и одржување на стабилноста на девизниот курс и финансискиот систем, велат во „Алта банка“.
„И покрај позитивните очекувања, неизвесноста поврзана со глобалните економски движења, геополитичките ризици и динамиката на меѓународните финансиски пазари и понатаму ќе има влијание врз деловното окружување. Во такви услови, Банката ќе продолжи да води внимателна политика на управување со ризиците, со фокус на одржување висока ликвидност, стабилна капитална позиција и натамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио“, стои во образложението.
Во последниот квартал од 2026 година, „Алта банка“ најавува натамошен раст на кредитирањето на населението и корпоративниот сектор, зголемување на приходите од основната дејност, унапредување на дигиталните услуги и кон понатамошно подобрување на оперативната ефикасност.
„Банката очекува дека реализираните вложувања во организацискиот развој, кадарот и инфраструктурата ќе придонесат за зајакнување на конкурентската позиција и создавање услови за подобри финансиски резултати во идниот период“, соопшти банката.