text size
Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ од страна на Народната банка на Србија сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ од Битола, соопшти Народна банка на Македонија.
„Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на ‘Алта банка’ а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на ‘Алта банка’ АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Северна Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби“, соопшти македонската централна банка.
Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.
Прочитај повеќе
Какви финансиски резултати прикажува „Алта банка“ во Македонија?
Српската „Алта банка“ на која утрово Народна банка на Србија и ја одземе дозволата за работа пред една година стана сопственик на „Стопанска банка“ од Битола.
пред 3 часа
НБС ја одзеде дозволата на „Алта банка“, „Алта банка“ Битола соопшти дека работи непречено
НБС ѝ ја одзеде дозволата за работа на ALTA банка, откако банката, и покрај претходно изречените надзорни мерки, не успеа да ја подобри својата финансиска состојба и ликвидност.Српската банка пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
пред 4 часа
Српската „Алта банка“ е нов сопственик на „Стопанска банка Битола“
Понудата ја прифатиле 262 акционери
14.10.2025
Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци, наведе НБРМ.
„Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите“, стои во соопштението.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија на седница одржана утрово донесе одлука за одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ од Белград, бидејќи банката, и покрај претходно преземените надзорни мерки, не успеала да ја стабилизира својата финансиска состојба и да ја подобри ликвидноста, додека во исто време растел ризикот дека нема да може да ги исполнува обврските кон клиентите.
„Утврдено е дека во претходниот период финансиската состојба на банката значително се влошила, како и дека постои можност за дополнително влошување на финансиската состојба или ликвидноста на банката, а со тоа и загрозување на интересите на депонентите“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на НБС.
Се огласи „Алта банка“ од Битола - банката со стабилно и непречено работење
„Алта банка“ од Битола се огласи по одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ во Србија. Српската банка од пред една година е сопственик на поранешната „Стопанска банка“ од Битола. Менаџментот во земјава соопшти дека банката е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
„Во контекст на најновите случувања поврзани со ‘Алта банка’ во Република Србија, ‘Алта банка’ од Битола ја информира јавноста дека банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија“, соопшти банката.
„Алта банка“ во земјава работи со загуба
Банката вчера го објави финансискиот извештај за периодот до септември годинава. Според овој извештај банката работи со загуба во земјава.
„Алта банка“ од Битола оствари нето-загуба во износ од 48,64 милиони денари, наспроти добивката од 49,15 милиони денари остварена во истиот период од претходната година. Во однос на планот, Банката оствари послаб резултат за 36,27 отсто, односно за 12,95 милиони денари.
„Финансискиот резултат на банката во анализираниот период е под влијание на спроведувањето на овие развојни активности, како и на определбата за конзервативен пристап во управувањето со кредитниот ризик и понатамошно подобрување на структурата и квалитетот на активата. Остварениот финансиски резултат и понатаму е под влијание на стратешката определба на банката за внимателно преземање кредитен ризик, зајакнување на квалитетот на кредитното портфолио и активно управување со нефункционалните пласмани, како и под влијание на зголемените вложувања во човечки ресурси и деловна инфраструктура со цел создавање услови за идниот раст и развој на банката“, стои во образложението на резултатите на банката.