text size
Во Народната банка (НБРМ) минатата година биле примени вкупно 210 поплаки од физичките лица, од кои 96,3 проценти или 191 поплака се со наводи за неправилности во работењето на деловните банки, една поплака се однесува на работењето на штедилница, а две поплаки за работењето на платежна институција. Од НБРМ информираат дека за првпат се јавува нова категорија на поплаки, вкупно 16, кои се однесуваат на повеќе банки или прашања наменети за банкарскиот сектор во целина.