text size
„Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) го лансира она што го нарекува најмоќниот ВИ чип во Кина, акцелератор кој треба да се натпреварува со „Енвидија“ (Nvidia Corp.) и да поддржи масовно проширување на капацитетот на дата-центрите во наредните години.
Компанијата за е-трговија, која се претвори во аспирант во областа на ВИ, во вторникот го претстави новиот акцелератор Женву В900 (Zhenwu V900), за кој вели дека има трипати подобри перформанси од својот претходник. Од дивизијата ТИ-хед (T-Head) на „Алибаба“, тој може да се комбинира во кластери со до 500.000 единици за да овозможи тренирање на модели, изјави извршниот директор Еди Ву.
„Алибаба“ е еден од најголемите потрошувачи на средства за ВИ меѓу водечките кинески играчи. Компанијата се обврза да потроши повеќе од 53 милијарди долари во период од три години за да ги прошири своите ВИ способности, а во август собра околу 10,2 милијарди долари преку дополнителна понуда на акции во Хонг Конг. Во вторникот, Ву постави цел од 20 гигавати капацитет на дата-центри за услугата Алибаба клауд (Alibaba Cloud) глобално до 2032 година, очекувајќи „експоненцијално растечка побарувачка“.
Прочитај повеќе
„Алибаба“ преку продажба на акции тргнува по 10,2 милијарди долари за ВИ трката
Кинескиот технолошки гигант сака да собере 10,2 милијарди долари преку продажба на акции - најголема ваква понуда во историјата на Хонг Конг.
23.08.2026
Квен на „Алибаба“ стана глобален ВИ-хит со три милијарди преземања, ги престигна „Мета“ и „Гугл“
„Алибаба“ ја засилува конкуренцијата со американските и кинеските ривали, неговиот модел Квен станува сè почест избор на програмерите за развој на сопствени ВИ-производи
15.08.2026
Американски суд привремено ја иззема „Алибаба“ од ограничувањата на Пентагон
„Алибаба“ доби привремено ослободување од ограничувањата што произлегуваат од црната листа на Пентагон, додека трае судската постапка.
06.07.2026
Кинеската извонредна десетка - кој може да ѝ парира на американската величествена седумка?
Додека американските технолошки акции со години го носеа глобалниот раст на пазарите на капитал, 2026 година носи потенцијален пресврт. Инвеститорите сè почесто преиспитуваат дали кинеската извонредна десетка, со пониски вреднувања и посилни фундаменти, може да понуди поатрактивни приноси од американската величествена седумка.
21.01.2026
Ву зборуваше додека глобалните ВИ акции пораснаа по раните знаци на успех на новиот персонален агент на „Мета“ (Meta Platforms Inc.), оживувајќи го оптимизмот на инвеститорите по неодамнешната неизвесност на пазарот. Акциите на „Алибаба“ скокнаа за повеќе од пет отсто во Хонг Конг, додека операторот на „Вичет“ (WeChat), „Тенсент“ (Tencent Holdings Ltd.), порасна за повеќе од 7 отсто.
„Минатата година тврдевме дека колку поспособна станува ВИ, толку помоќно ќе биде човештвото“, рече Ву. „Денес, останувам цврст во тоа уверување.“
Планот на „Алибаба“ од 20 гигавати - иако огромен за една кинеска компанија - е релативно помал од некои од поамбициозните светски планови за изградба. „Софтбанк“ (SoftBank Group Corp.), на пример, предвидува компјутерски центар со капацитет од 10 гигавати само во Охајо.
„Алибаба“ вети дека ќе ги засили расходите за ВИ хардвер и инфраструктура додека Ву ја поставува потрагата по општа вештачка интелигенција како водилка на компанијата. Компанијата исто така планира да ја котира ТИ-хед за да го искористи интересот за вжештениот пазар на ВИ акцелератори, објави „Блумберг њуз“. Компанијата сега планира да развие модел со меѓу 5 и 10 билиони параметри, многу поголем од она што денес е вообичаено кај споредливите модели со отворени тежини, за подолги и покомплексни задачи.
Таквото темпо на развој е во спротивност со неодамнешните предупредувања од водечките ВИ лаборатории во САД, откако извршниот директор на „Антропик“ (Anthropic PBC), Дарио Амодеи, повика на побавно темпо на развој за подобро справување со ризиците од ВИ.
Настанот на „Алибаба“ се одржа во пресрет на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг, кога лидерите ќе разговараат за широк спектар прашања. Се очекува прашањата поврзани со ВИ да бидат значајни, бидејќи високи американски директори, како шефот на „Енвидија“ (Nvidia), Џенсен Хуанг и Сатја Надела од „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.), ќе присуствуваат на државната вечера во Белата куќа.
Оваа недела започнаа разговори меѓу американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, при што двете страни се согласија да воспостават дијалог за ВИ, насочен кон постигнување заедничко разбирање за целите и заканите.
Тоа се случува и покрај тоа што Вашингтон ги обвинува „Алибаба“ и други водечки развивачи, како „Дипсик“ (DeepSeek), за „незаконски пристап“ до најнапредните американски модели со цел да помогнат во развојот на сопствените производи. Пекинг ги отфрли таквите обвинувања како неосновани и вети дека ќе возврати доколку Вашингтон преземе мерки против кинеските ВИ компании.