text size
Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции во Македонија, што претставува годишен раст од 7,1 отсто, при вредност од 9,72 милијарди денари и раст од 36,4 отсто на годишна основа, соопшти Народната банка. Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на електронските кредитни трансфери, што упатува на поширока прифатеност на електронските начини на плаќање.