text size
За време на претстојниот викенд сите банки во земјава ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи. Процесите се вршат во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 09.11.2026 година, соопшти Македонската банкарска асоцијација.
За време на спроведувањето на техничките активности, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања.
„Точните термини на активностите, услугите што ќе бидат опфатени и очекуваното времетраење на ограничувањата ќе бидат наведени во поединечните известувања на банките до своите клиенти Ги повикуваме граѓаните и компаниите редовно да ги следат официјалните комуникациски канали на својата банка и, доколку имаат плаќања што треба да ги извршат во овој период, да ги планираат навреме, согласно објавените информации“, информира МБА.
Прочитај повеќе
Кој е одговорен кога алгоритамот ќе погреши?
Компаниите некогаш ја градеа својата конкурентска предност врз основа на цената, квалитетот или иновациите. Сега, кога вештачката интелигенција може за неколку секунди да напише договор, да препорача инвестиција или да му одговори на корисникот, прашањето не е колку е паметен системот, туку колку му веруваме.
пред 4 часа
Дали повисокиот Еурибор ќе ги зголеми кредитните рати во Македонија и регионот?
Клучните фактори вклучуваат: уделот на кредитите поврзани со Еурибор, застапеноста на фиксните каматни стапки и регулаторните ограничувања.
30.10.2026
ЕУ ги засилува проверките на банките поради ризиците од државните обврзници
Европските супервизори ги засилуваат проверките на државните обврзници во банките, чии портфолија надминуваат четири билиони евра. Засега не гледаат штета за банките.
09.10.2026
Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.
Целта на системските прилагодувања е да се овозможи непречена примена на овие промени во секојдневното користење на платежните услуги.
„Потсетуваме дека постојните броеви на платежните сметки не се менуваат, а приспособувањето на нејзиниот приказ и користење на сметките во ИБАН-формат во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките“, соопшти МБА.