text size
Шефовите на некои од најголемите компании за вештачка интелигенција повикуваат на забавување на развојот на најнапредните модели, предупредувајќи дека забрзаното унапредување на технологијата носи сè поголеми ризици. Во текст од 3.800 збора, извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика индустријата да го намали темпото на развој и најави дополнителни мерки за безбедност во неговата компанија.
На повикот брзо реагираше извршниот директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, кој најави дека компанијата ќе ја прифати идејата за „независни проценувачи со пристап сличен на оној што го имаат вработените“. Оваа компанија ја става безбедноста на прво место и годинава не излегува на берза, а во меѓувреме откри нови случаи на „непослушна“ вештачка интелигенција. Поддршка на идејата на првиот човек на „Антропик“ изрази и Илон Маск, кој кратко порача дека Амодеи е во право. Марк Закерберг предложи независен надзор наместо забавување на развојот на ВИ. На форум во Шкотска и кралот Чарлс побара ВИ да биде под силна контрола.
Но повлекувањето на шефовите на технолошките гиганти направи и проблеми, ги стресе пазарите и донесе ризик од судир со Волстрит и Трамп. Американскиот претседател е свесен за заканите од ВИ, но засега му е поважно да биде пред Кина. Тој дури и го нападна шефот на „Антропик“ поради неговиот апел да се „крене рачна“ со вештачката интелигенција. Според „Блекрок“, забавувањето е со развој на ВИ, технологијата ќе стане домен само на големите фирми.
По сите случувања неделава, основното прашање останува неодговорено - кој е главниот виновник, вештачката интелигенција или луѓето?
Прочитајте повеќе:
Што ја вивна цената на бакарот на историски рекорд?
Роботаксијата реалност во регионот: Што може да се научи од Загреб?
Долготрајниот раст заврши и цената на нафтата вчера падна, по вестите дека се засилуваат дипломатските напори за мир на Блискиот Исток. Но со оглед на тоа дека во изминативе месеци често имаше неоснован оптимизам, „ЏП Морган“ веќе не знае како да прогнозира околу нафтата. Во секој случај, ќарот оди кај нафтените танкери, кои заработуваат и по еден милион долари дневно среде војната со Иран.
Во земјава владата повторно го намали ДДВ на горивата и како резултат на мерката поевтини дизелот, но бензинот надмина стотка за литар. Анализиравме колкав ќар им донесе војната во Заливот на „Макпетрол“ и „Окта“.
Ова беше недела на одлуки на централните банки. НБРМ не ја промени каматна стапка, но предупреди на висока неизвесност. А неизвесноста веќе се гледа и во бројките, паѓа извозот на катализатори и се поставува прашањето што ја чека македонската автомобилска индустрија.
И Банката на Англија ги задржа каматите, но и таа предупреди на зголемување ако продолжи војната. Трговците, пак, очекуваат многу поголем раст на каматите од најавите на ЕЦБ и Банката на Англија.
Јапонија ја крена каматата на 1,25 отсто, што е најбрзо од 1990 година. Веднаш потоа акциите отидоа нагоре, а јенот надолу. Анализиравме зошто јенот ја губи привлечноста и што е кери трејд.
И Фед ги зголеми каматите за првпат од 2023 година и најави уште едно зголемување. По оваа одлука фјучерсите закрепнаа, а обврзниците ги намалија загубите. Претходно приносите на 10-годишните американски обврзници се искачија на највисоко ниво од 2007 година. Анализиравме дали државните обврзници го зачуваа статусот на „безбеден рај“.
Прочитајте повеќе:
Збогум за најниската цена на тендерите: Квалитетот ќе носи повеќе бодови
Се надминавме со соларите, без батериски паркови нема да имаме бенефит
Европската Унија предложи Канада да стане првата придружна членка на блокот, канадскиот премиер Марк Карни пред европратениците рече дека неговата земја не бара доминација, туку заедничка отпорност.
На оваа вест брзо реагираше американскиот претседател. Трамп најави царини за ЕУ ако се покаже дека поканата до Канада за придружно членство е непријателски чин за САД.
„Ако го направат тоа, ако сметам дека тоа на кој било начин е непријателски чин, ќе воведам многу сериозни царини или ќе престанам да тргувам со Европа за многу работи“, рече Трамп.