text size
Двете најголеми нафтени компании во Македонија, што котираат на берза, ја завршија првата половина од 2026 година со добивка, но зад бројките се крие нешто различна приказна. “Макпетрол“ го зголемил приходот за околу 23 отсто, но профитот расте многу побавно, додека “ОКТА“ бележи експлозивен раст на ЕБИТДА (добивката пред камати, даноци и амортизација) и нето-добивката. И кај двете компании цените на нафтата, регулацијата и геополитичките ризици остануваат клучни за второто полугодие.