text size
„Реплек“ во првата половина од годинава оствари консолидирана нето добивка од 108 милиони денари (1,7 милиони евра), што е благо намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесуваше 130 милиони денари (2,1 милиони евра. Компанијата во првите шест месеци од годинава оствари вкупни консолидирани оперативни приходи од 875 милиони денари (14,2 милиони евра), што е пад во однос 1.04 милијарда денари (16,9 милиони евра) релизирани во првото полугодие од 2025 година. Нето профитната маржа на компанијата изнесува 12,4 проценти, што е на речиси исто ниво како и во истиот период минатата година кога изнесуваше 12,5 проценти.