text size
„Комерцијална банка“ АД Скопје во првата половина од годинава оствари неконсолидирана добивка од 2,79 милиjaрди денари (45,4 милиони евра), што е намалување од 5,5 проценти во однос остварената добивка од 2,96 милијарди денари (48,1 милиони евра) во истиот период минатата година. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4,33 милијарди денари (70,5 милиони евра) и бележат намалување од 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година кога банката имаше приходи од 4,48 милијарди денари (72,9 милиони евра). Анализата покажува дека банката бележи намалување на профитабилноста со оглед на тоа што нето профитната маржа бележи пад од 66 проценти во првата половина на минатата година на 64,4 проценти во првото полугодие од годинава.