text size
Синдикатот на „Бродком“ (Broadcom Inc.) на Волстрит почнува да собира 60 милијарди долари ново финансирање за чипови за ВИ, наменето за „Антропик“ (Anthropic PBC) и други компании, според лица запознаени со случајот.
Банките вклучени во огромниот пакет должничко финансирање се подготвуваат да испратат писма до потенцијалните учесници во финансирањето на делот од 42 милијарди долари, обезбеден со залог и со првенство при наплатата, велат изворите кои побарале да останат анонимни бидејќи зборуваат за зделка што сè уште не е објавена.
„Блекстоун“ (Blackstone Inc.) предводи транша од класата Б во износ од 18 милијарди долари, составена од долг со понизок приоритет при наплатата, при што се обврзува да обезбеди девет милијарди долари од различни фондови, а остатокот планира да го синдицира, велат изворите.
Прочитај повеќе
Големите технолошки компании сè повеќе се задолжуваат поради ВИ: Дали долгот станува проблем?
Технолошките гиганти сè повеќе вложуваат во ВИ во време кога капиталот е поскап. Долгот би можел да стане проблем ако трошоците за финансирање почнат да растат побрзо од паричните текови.
29.09.2026
„Дипсик“ претстави алатки за ВИ-чипови на „Хуавеј“ кои би можеле да ги заменат оние на „Енвидија“
Овој потег ги одразува сè посилните врски меѓу две од водечките кинески фирми за вештачка интелигенција.
30.09.2026
„АМД“ на чекор до вредност од еден билион долари, поради бумот на ВИ
Акциите на компанијата пораснаа за 10 отсто во понеделник, на бранот на оптимизмот околу побарувачката за чипови потребни за ВИ.
21.09.2026
„Енвидија“ вложува 3,5 милијарди долари во тајвански производител на чипови
„Енвидија“ настојува да убеди што повеќе компании да развиваат чипови што ќе се вклопуваат во нејзиниот доминантен екосистем на центри за податоци.
31.08.2026
„Интел“ собра 20 милијарди долари за инвестиции поттикнати од ВИ-бумот
Силната побарувачка за акции му донесе на „Интел“ 20 милијарди долари, производителот на чипови се обидува да ја зајакне позицијата во ВИ-бумот.
11.08.2026
Претставник на „Бродком“ одби да коментира.
Финансирањето, кое се оформува со недели, внимателно го следат професионалци на Волстрит и во Силициумската Долина, барајќи потврда дека инвеститорите и натаму сакаат да го поддржат проширувањето на инфраструктурата за ВИ, во услови на противење на јавноста на изградбата на центри за податоци. „Бродком“ настојува да продава повеќе чипови и друга опрема за центри за податоци, конкурирајќи ѝ на „Енвидија„ (Nvidia Corp.), додека на компаниите за ВИ, како Антропик, им се потребни сè поголеми компјутерски капацитети.
Потенцијалната зделка би им помогнала на компании, меѓу кои и „Антропик“, да добијат пристап до чипови и друга клучна инфраструктура за ВИ, изјавија во август лица запознаени со преговорите.
Таа се надоврзува на стотиците милијарди долари веќе собрани преку задолжување за изградба на инфраструктура за ВИ. Иако голем дел од тие средства се вложени во центри за податоци, се зголеми и бројот на зделки за финансирање чипови и сервери.
Во август, „Енвидија“ објави и партнерство со шест од најголемите имиња во финансиите, меѓу кои и „Блекстоун“, за мобилизирање повеќе од 500 милијарди долари за ВИ, вклучително и помош за клиентите да ги финансираат набавките на чипови од компанијата.
Во меѓувреме, инвестицијата на „Блекстоун„ во „Антропик“ помогна да се подобрат резултатите на неговиот фонд за приватен капитал наменет за богати клиенти.
-Со помош на Лаура Бенитез.