text size
Цената на бакарот моментално изнесува околу 14.000 американски долари по метрички тон, што претставува историски највисока цена досега за овој метал. По падот на цената за време на пандемијата на ковид, кога таа изнесуваше околу 5.000 долари по метрички тон, бакарот бележи биковски тренд сè до денес. Односно, цената растеше со помали корекции и забележа раст од 187,9 проценти во тие шест години, главно поттикната од инвестициите во инфраструктурата за вештачка интелигенција.