text size
Европските складишта за гас влегуваат во новата грејна сезона со најниско ниво на пополнетост во последните неколку години, што на прв поглед предизвикува страв од повторување на енергетската криза. Сепак, површната споредба со 2022 година може да залаже: германската индустрија денес троши значително помалку гас, а структурата на снабдувањето е променета.