text size
Британскиот монарх планира да побара од некои од највлијателните личности во областа на вештачката интелигенција уверување дека технолозите можат да ги задржат своите изуми под контрола.
Главниот извршен директор на „Енвидија“ (Nvidia Corp.), Џенсен Хуанг, главната финансиска директорка на „Опен еј-ај“ (OpenAI), Сара Фрајар, и коосновачот на „Гугл дипмајнд“ (Google DeepMind), Демис Хасабис, во четврток ќе присуствуваат на настан во Шкотска што го организира кралот Чарлс Трети. На форумот за ВИ во Дамфрис хаус ќе учествуваат и високи претставници на „Антропик“ (Anthropic PBC), како и британскиот министер за ВИ, Канишка Нарајан.
„Оние во нашиот свет што ја ценат нашата човечност и нејзината суштинска морална компонента со загриженост бараат уверување од вас дека нема да ја изгубиме контролата врз сопствената судбина“, ќе каже кралот Чарлс Трети, според однапред подготвениот говор. На собирот ќе се разговара за тоа како технологијата може да биде „искористена на начини што ќе им користат на општеството и на природниот свет“, соопшти Бакингемската палата.
Прочитај повеќе
„Опен еј-ај“ откри нови случаи на „непослушна“ вештачка интелигенција
„Опен еј-ај“ обелодени низа досега непријавени случаи на несоодветно однесување на своите ВИ-модели.
пред 2 часа
ВИ-компаниите се задолжуваат без камата - зошто инвеститорите се согласуваат на нулта принос?
Издавањето на безкупонски конвертибилни обврзници достигна речиси 80 милијарди долари глобално оваа година, што е највисок годишен износ од 1995 година.
пред 4 часа
Закерберг предлага независен надзор наместо забавување на развојот на ВИ
Марк Закерберг, Џенсен Хуанг и Сем Алтман се уверени дека компаниите можат безбедно да ја развиваат ВИ без значително да го забават напредокот.
16.09.2026
Финк од „Блекрок“: Ако забавиме со развој на ВИ, технологијата ќе стане домен само на големите фирми
Овие изјави доаѓаат во момент кога водечките компании за вештачка интелигенција работат на меѓусебна координација, како и на соработка со американската влада, околу безбедносните мерки за оваа технологија.
16.09.2026
Дали ја губиме контролата врз вештачката интелигенција - што ги поттикнува новите стравови?
Актуелната паника околу вештачката интелигенција беше поттикната од два настани.
15.09.2026
Трамп го нападна шефот на „Антропик“ поради неговиот апел да се “крене рачна“ со вештачката интелигенција
Во објава на социјалните мрежи, Трамп обвини некаков „БОЛЕН заговор“ за реакцијата на гласачите кон центрите за податоци со вештачка интелигенција и зголемената загриженост за напредните модели.
14.09.2026
Стравот од ВИ ги стресе пазарите, црни сценарија во случај на посилен шок
Црните сценарија предвидуваат дека посилен шок кај технолошките акции поврзани со ВИ би имал огромно негативно влијание врз светската економија.
15.09.2026
Дискусијата зад затворени врати доаѓа во вистински момент. Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, поттикна глобална дебата за растечките ризици од ВИ со есеј објавен за време на викендот, во кој повика на забавување на развојот на најнапредните модели. Главниот извршен директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, се согласи со заклучоците од есејот, а Хасабис го опиша како „вистинскиот пат напред“. Хуанг од „Енвидија“, пак, не се согласи со забавување или со дополнителна регулација. Во текот на изминатата недела, двајца истражувачи за ВИ ги напуштија „Гугл дипмајнд“ и „Антропик“, тврдејќи дека технологијата може да биде смртоносна.
Овие стравувања предизвикаа вознемиреност кај законодавците и пошироката јавност низ светот. Британскиот премиер Енди Бернам е под притисок од пратениците во неговата владејачка Лабуристичка партија да даде појасни насоки за политиката на земјата за ВИ. Кинеските власти во последните денови го отфрлија „ширењето страв“ на Амодеи, но и предупредија на опасностите од ВИ. Американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни против какво било забавување, но пратеници од двете партии предложија мерки за безбедноста на ВИ, а гласачите се сè позагрижени поради технологијата.
На самитот, кралот Чарлс ќе им постави две клучни прашања на директорите: „Прво, како можеме да ги искористиме придобивките од ВИ, со безбедноста во нејзината срж? И второ, како можеме да изградиме меѓународна соработка и консензус за да го постигнеме тоа, така што ниту една земја нема да биде изоставена, а иднината на човештвото ќе биде заштитена?“
Монархот и претходно јавно зборуваше за ВИ, предупредувајќи на првиот британски Самит за безбедност на ВИ во 2023 година дека ризиците од технологијата мора итно да се решаваат.
Тој, исто така, повеќепати зборуваше за својата загриженост поради климатските промени, тема што може да ги стави челниците на компаниите за ВИ во дефанзива. Емисиите на најголемите технолошки компании нагло се зголемија откако тие се насочија кон енергетски интензивни дата-центри, при што некои се потпираат на фосилни горива.
Шкотскиот парламент во средата гласаше за заострување на правилата за изградба на нови дата-центри, со што Единбург се подготвува за судир со британската влада, откако Барнам ја отфрли идејата за мораториум на изградбата. Шкотските пратеници соопштија дека новите барања за изградба на дата-центри ќе мора да поминат процена на влијанието врз животната средина. Дебатата во Велика Британија ги одразува стравувањата низ светот за влијанието на дата-центрите во кои се сместуваат и обучуваат системите за ВИ врз животната средина и врз трошоците за енергија.