text size
Претседателот Доналд Трамп го нападна извршниот директор на „Антропик“ (Anthropic PBC), Дарио Амодеи, поради неговото залагање за забавување на развојот на вештачката интелигенција, интензивирајќи го своето противење на новите заштитни огради за технологијата.
Во објава на социјалните мрежи во понеделник, Трамп обвини некаков „БОЛЕН заговор“ за реакцијата на гласачите кон центрите за податоци со вештачка интелигенција и зголемената загриженост за напредните модели, додавајќи дека „единствениот што е среќен поради тоа е Кина“.
„Единствената контрола или ‘заштитни огради’ што ѝ се потребни на вештачката интелигенција е СИЛЕН И ПАМЕТЕН (висок коефициент на интелигенција!) ПРЕТСЕДАТЕЛ, а САД го имаат тоа, во изобилство!“, објави Трамп. „Ние сме пред Кина и сите други и ќе продолжиме така. Теоретичари на заговор, предавници и кодоши, МИСЛЕТЕ МУ ЈА!“
Прочитај повеќе
Пад на акциите на „Софтбанк“ по алармот за безбедноста на вештачката интелигенција
Акциите на „Софтбанк“ паднаа за повеќе од 13 проценти во понеделникот на берзата во Токио.
пред 10 часа
Акциите паѓаат поради загриженоста за забавување на развојот на ВИ, нафтата поскапува
Индексот MSCI Asia Pacific се намали за 0,8 oтсто, додека Kospi, кој се смета за еден од показателите за инвестициите во вештачка интелигенција, падна за 3,4 отсто.
пред 10 часа
Шефовите на ВИ ризикуваат судир со Волстрит и Трамп поради повикот за безбедност
„Антропик“ и „Опен еј-ај“ бараат забавување на најнапредната ВИ, но нивните планови може да наидат на отпор од Волстрит, технолошката индустрија и Трамп. По овој чекор, „Софтбанк“ падна за 13 отсто, а „Самсунг електроникс“ и „СК Хајникс“ загубија повеќе од четири отсто.
пред 12 часа
Трамп е свесен за заканите од ВИ, но засега му е поважно да биде пред Кина
Додека експертите и самите лидери на технолошките компании предупредуваат на сè поголеми ризици, Трамп не покажува голема загриженост.
13.09.2026
„Опен еј-ај“ ја става безбедноста на прво место и годинава не излегува на берза
Компанијата годинава нема да излезе на берза, бидејќи ќе се фокусира на решавање на безбедносните прашања поврзани со вештачката интелигенција (ВИ).
13.09.2026
Ќе стане ли потребата за контрола на вештачката интелигенција поважна од профитот?
Загрижува способноста на вештачката интелигенција сè повеќе да се подобрува и еволуира самостојно.
13.09.2026
Коментарите на Трамп отидоа чекор подалеку од забелешките што ги даде за време на викендот, кога ја призна потребата од одредена регулатива. Претседателот, сепак, постојано ги отфрла предупредувањата за безбедносните ризици со вештачката интелигенција и ја нагласува важноста на развојот на технологијата за да се остане пред Кина.
Претседателот зборуваше неколку дена откако Амодеи рече дека индустријата треба да притисне сопирачките за развој на најнапредните модели за компаниите подобро да ги разберат потенцијалните опасности. Други лидери во индустријата за вештачка интелигенција, вклучувајќи ги Сем Алтман од „Опен еј-ај“ (OpenAI) и Илон Маск од „Спејсекс еј-ај“ (SpaceXAI), се согласија со повиците на Амодеи за забавување.
Тоа ја става индустријата на која Трамп се потпираше како на мотор на економскиот раст директно во спротивност со неговите ставови. Тој го направи забрзувањето на националното усвојување на вештачката интелигенција централен дел од неговата политичка агенда. Неговата администрација постави во голема мера пристап без поголемо мешање кон регулирањето на вештачката интелигенција, кодифициран во наредба што ја потпиша на почетокот на јуни.
Трамп и неговиот тим постојано се расправаа со „Антропик“ и Амодеи во текот на изминатите неколку месеци, при што Министерството за одбрана ја сметаше компанијата за ризик во синџирот на снабдување откако таа побара ограничувања за воена употреба на своите алатки.
Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи. Фото: Блумберг
И покрај негодувањата на Трамп, предупредувањата за егзистенцијалните закани што ги претставува вештачката интелигенција продолжуваат со несмалено темпо од претставници на индустријата.
Истражувачите за вештачка интелигенција на „Мајкрософт“ (Microsoft Inc.) објавија нов сет на водечки принципи што поставуваат ограничувања на развојот на најсовремени модели. Во манифест од 15.000 зборови, тимот изјави дека моделите не треба да имаат законски права или своја личност и не треба да бидат конструирани за да избегаат од човечка контрола или да ги измамат корисниците. Системот не треба да извршува задача ако тоа бара кршење на водечките принципи на вештачката интелигенција, според манифестот.
Дебатата за безбедноста на вештачката интелигенција се наѕира и пред претстојниот самит на Трамп со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, планиран за 24 септември. Кинеската влада ги критикуваше повиците од американските технолошки директори да го ограничат развојот и да наметнат построги ограничувања на кинеските производители на модели.
„Предизвикувањето страв, конфронтацијата и злонамерната конкуренција само ќе го нарушат процесот на глобално управување со вештачката интелигенција и нема да им служат на интересите на никого“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовниот брифинг во Пекинг во понеделник.