text size
Иако до неодамна роботаксијата изгледаа како далечна технолошка фантазија резервирана за американските и кинеските мегаполиси, Загреб неодамна стана дел од таа приказна. „Верне“ (Verne), првата услуга за роботакси во Европа, започна со работа користејќи ја технологијата на кинеската компанија „Пони еј-ај“ (Pony AI), додека американската „Убер“(Uber) ја обезбедува платформата. Со ова, Загреб стана првиот европски град во кој услугата за роботакси премина од експериментална фаза во фаза на комерцијална реалност. Оваа вест заслужува поширок контекст: каде се наоѓа глобалната индустрија за роботакси денес, кои се главните актери и со какви предизвици се соочуваат.