text size
Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија речиси и да не постојат на радарот на приватен капитал (private eqiuty) на европско ниво. Регионот Адрија е дел од пошироката слика за Централна и Источна Европа (ЦИЕ) – регион што учествува со само 1,9 проценти од вкупните европски инвестиции во приватен капитал, а Хрватска, Словенија и Србија се наоѓаат дури и под тој скромен просек. Станува збор за пазари каде што приватниот капитал штотуку почнува да добива сериозен замав, а ограничената институционална активност што постои често зависи од изолирани, поединечни трансакции кои можат драстично да ја променат годишната статистика на земјата.