text size
Среброто забележа голема победа над златото кога станува збор за растот на цените во текот на 2025 година. Златото се искачи над 70 проценти, што е најсилниот годишен резултат од 1979 година, а среброто го продолжи својот тренд на пораст со одредени флуктуации и се зголеми за над 140 проценти во однос на претходната година. Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа на пазарот на стоки ги објаснуваат причините за растот на цените на златото и среброто и даваат прогнози за ценовните трендови во 2026 година.