text size
Најпрво во октомври, стотици прегреани фрижидери и замрзнувачи во продавници низ цела Франција. Неколку недели подоцна, на ред дојдоа продавниците во Белгија, Шведска, Ирска, Луксембург и други делови од Европа. Напаѓачите ги таргетираа и системите за ладење во три француски центри за складирање крв, но надлежните навреме спречија уништување на залихите. Потоа, на почетокот на ноември, уследи бран лажни дојави за бомби што наруши десетици летови низ Европа. Некои авиони принудно слетаа или го променија курсот, други беа придружувани од воени ловци, додека упадите на дронови во изминатата година станаа речиси секојдневна појава на европското небо.