text size
Македонската централна банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 отсто. Одлуката се заснова врз најновите макроекономски показатели и очекувања, како и на оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување, стои во соопштението од НБРМ.
„Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво, но во август беа видливи ефектите од растот на светските цени на енергентите врз домашната инфлација. Извршниот одбор оцени дека сѐ уште е рано за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување“, констатира Одборот.
Во август 2026 година, годишната стапка на инфлација изнесува 2,6 отсто (2,3 отсто во јули). Растот на светските цени на енергентите се одрази и врз домашните цени, преку забрзување на растот на енергетската компонента на инфлацијата. Остварената инфлација е нешто послаба во однос на очекувањата во априлските проекции, при помал раст кај цените на храната од очекуваното.
Прочитај повеќе
Инфлацискиот удар ќе биде долготраен, вели Лагард
Цените на енергентите продолжуваат да создаваат притисок, а ЕЦБ остава простор за дополнително зголемување на каматите.
13.09.2026
Инфлацијата во САД забрза и го зголеми притисокот врз Фед
Цените растат побрзо од очекувањата, нафтата надмина 100 долари за барел, а американските домаќинства се соочуваат со нов притисок врз буџетите.
11.09.2026
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки по вторпат годинава
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки по вторпат откако почна војната со Иран во февруари, како одговор на знаците дека инфлацијата ќе остане значително над 2 отсто.
10.09.2026
Инфлацијата во Македонија во август забрза на 2,6 проценти
Зголемување ос 0,5 проценти кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци.
07.09.2026
„Сепак, инфлациските притисоци и натаму опстојуваат, при исклучително голема променливост на увозните цени, што создава ризици во однос на патеката на инфлацијата во следниот период. Најновите ревизии на увозните цени релевантни за инфлацијата се нагорни, при изразена неизвесност за идната динамика на цените на примарните производи на светските берзи“, се наведува во соопштението.
ЕЦБ двапати ја зголемува основната камата од почетокот на војната
Натамошното заострување на воените дејствија на Блискиот Исток, како и на војната помеѓу Русија и Украина, придонесе за повторен силен раст на цените на нафтата и останатите енергенти и за нарушувања во синџирите на снабдување, со можни пренесени ефекти врз девизниот пазар и домашните цени во следниот период.
„Покрај ова, и натаму опстојуваат домашните фактори коишто влијаат на побарувачката и создаваат ризици за идната динамика на инфлацијата. Во вакви услови, беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, при што присутната неизвесност упатува на потребата од задржување на претпазливиот пристап“, соопшти НБРМ.
Од февруари кога почна конфликтот на Блискиот Исток, НБРМ еднаш веќе ја зголеми каматата на благајничките записи, а Европската централна банка тоа го направи двапати како одговор на знаците дека инфлацијата ќе остане значително над 2 отсто.
Минатата недела депозитната стапка беше зголемена за четвртина процентен поен, на 2,5 отсто во четвртокот, во согласност со очекувањата на аналитичарите.
„Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да создава инфлациски притисоци, а инфлацијата ќе остане значително над целта подолг временски период“, стоеше во соопштението на ЕЦБ. „Изгледите остануваат многу неизвесни, со ризици за повисока инфлација и за послаб економски раст.“
Неодамна „Блумберг Адрија“ пишуваше за следните потези на монетарната власт во земјава. Професорот на универзитетот „Хајделберг“ во Скопје, Синиша Наумовски рече дека очекува во следниот период да биде заострена монетарната политика и во земјава.
„Очекувам зголемување на каматата на благајничките записи кон крајот на третиот или во четвртиот квартал од годината“, рече тој.
„Евентуалното зголемување на стапките ќе има влијание, но нема автоматски да се пренесе на комерцијални банки. Кај нив се ќе зависи од нивната ликвидност, а таа е добра“, рече Наумовски.
Скапите енергенти ја зголемија побарувачката на девизи кај компаниите
Задржувањето на основната каматна стапка, заедно со мерките преземени досега кај задолжителната резерва и макропрудентната политика, ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, за долгорочно стабилизирање на инфлацијата и за зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијае и врз кредитните услови во економијата.
„Движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август, Народната банка интервенира со откуп на девизи. Сепак, и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат и на повисоките цени на енергентите. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона и е соодветно на целта за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот, обезбедувајќи 4,5 месечна покриеност на увозот на стоки и услуги“, наведе НБРМ.
Домашната економија останува отпорна и покрај неповолното и неизвесно надворешно окружување. Во вториот квартал од 2026 година, реалниот годишен раст на БДП забрза и изнесува 4,3 отсто, што е повисоко во однос на априлската проекција.
„Растот во еден дел се должи на бруто-инвестициите, главно поради градежните активности поврзани со големите инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, кредитната поддршка и натаму е посилна во однос на проекциите, и е фактор што треба внимателно да се следи, додека растот на депозитната база засега не отстапува значајно од проектираната патека“, констатира Извршниот одбор на НБРМ.