text size
Вкупните депозити, во текот на август, се зголемија за 1,6 отсто на месечна основа, раст кој потекнува од корпоративниот сектор. На годишна основа, нивото на депозитите е повисоко за 9,0 отсто, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
Кредитирањето во август бележи раст од 0,7 отсто на месечна и 13,6 отсто на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, а на месечно ниво поголем е придонесот на домаќинствата, додека на годишно ниво поголем придонес има корпоративниот сектор.
„Вкупните депозити на корпоративниот сектор во банкарскиот систем бележат раст, којшто на месечна и годишна основа изнесува 6,2 отсто и 6,1 отсто, соодветно. Месечната динамика е одраз на повисоките депозитни пари, додека годишниот раст е комбиниран ефект од растот на депозитните пари и долгорочно орочените депозити“, стои во соопштението на НБРМ.
Прочитај повеќе
Со 30.000 евра денес нема стан, но Македонците имаат и подобра инвестиција
„Блумберг Адрија“ ги праша експертите - што ако имате пари настрана, каде да ги вложите, а тие да работат сами од себе и да ви носат принос.
31.07.2026
Жените добиваат трошки од кредитниот колач: само 7,8 отсто од финансирањето завршува кај нив
Жените во бизнисот и натаму се соочуваат со ограничен пристап до кредити, при што над 92 отсто од вкупното финансирање оди кај машки компании.
14.04.2026
Македонските штедачи губат стотици милиони евра годишно со чување на парите во банка
Македонски граѓанин што изминативе десет години орочувал 10.000 евра како едногодишен депозит во банките наместо да заштеди реално бил во загуба околу 258 евра годишно.
пред 4 часа
Македонците имаат 3,6 пати помалку банкарски депозити по жител од Словенците
Анализата покажува дека жителите на Словенија и Хрватска имаат убедливо најголема финансиска акумулација во банките меѓу граѓаните на петте земји од регионот.
20.08.2026
Кредитите на претпријатијата и во август растат со умерена месечна динамика од 0,6 отсто, додека растот на годишна основа забрза на 15,1 отсто. Зголемувањето на кредитирањето на корпоративниот сектор во целост е резултат на кредитирањето во домашна валута.
Во август, депозитите на населението се пониски за 0,4 отсто на месечна основа, при намалување на состојбата на депозитните пари. На годишна основа, вкупните депозити на населението се зголемија за 10,2 отсто, при раст на сите компоненти.
„Орочените депозити на домаќинствата, коишто не ги вклучуваат средствата на трансакциските сметки, бележат месечно и годишно зголемување од 0,6 отсто и 5,8 отсто, соодветно, во поголем дел поради зголемените долгорочни орочени депозити“, наведува централната банка.
Кредитите на населението и понатаму растат, со месечна и годишна стапка на раст од 0,7 отсто и 12,3 отсто соодветно. Порастот на кредитирањето на населението, главно, се должи на кредитите одобрени во денари. Во однос на наменета, зголемување бележат и потрошувачките и станбените кредити (месечен раст од 0,5 и 0,6 отсто, и годишно зголемување од 12,2 и 16,2 отсто, соодветно).
„Во август 2026 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) продолжи да се зголемува. На месечна основа, растот изнесува 1,3 отсто и главно произлегува од депозитните пари (средства на трансакциски сметки) и краткорочните депозити. Во однос на истиот месец од претходната година, растот изнесува 8,2 отсто, што претставува понатамошно забавување на годишната динамика, при што сите компоненти на паричната маса бележат раст.“, соопшти НБРМ.