text size
Македонија се најде на третото место на листата на земји од регионот Адрија рангирани според банкарските депозити по глава на жител. Анализата покажува дека жителите на Словенија и Хрватска имаат убедливо најголема финансиска акумулација во банките меѓу граѓаните на петте земји од регионот. На секој Словенец отпаѓаат просечно 14.623 евра банкарски депозити, додека на еден жител на Македонија 4.028 евра. Тоа значи дека депозитите по глава на жител во Словенија се 3,6 пати поголеми од оние во Македонија. Разликата во апсолутен износ е 10.595 евра по жител.