text size
Може ли да се поттикнат македонските граѓани своите заштеди да ги инвестираат во акции, обврзници и други инструменти преку модел што ќе овозможи поволни даночни олеснувања, а со цел да се вбризгаат свежи пари на пазарот на капитал е прашање кое заслужува внимание ако се земе предвид дека се повеќе земји од регионот и Европа се одлучуваат на овој чекор преку воведување на таканаречени индивидуални инвестициски сметки. Словенија веќе го воведе овој модел на инвестирање, а Хрватска се подготвува да почне во 2027 година. Анализиравме какви се регионалните искуства и кои би биле главните придобивки од воведување на индивидуални инвестициски сметки во Македонија.